6 начини на кои депресијата ги погаѓа луѓето што изгледаат „нормално“
Депресијата нè прави неверојатно истоштени по долг ден во реалниот свет и прави преживувањето на денот да биде потешко од што навистина е.
Депресијата се манифестира различно кај различни луѓе. Кај некои се гледа однадвор и на прв поглед ви изгледа дека не се чувствуваат добро, кај други пак се манифестира однатре и на нивното однесување и дела.
Некои луѓе лесно може да ја прикријат депресијата и дури добиваат коментари од типот: „Не ми се верува дека ти си во депресија. Секогаш изгледаш среќно.“
Но, депресијата ги погаѓа луѓето и тие може да имаат сериозен проблем без разлика што вака ви изгледаат „нормално“.
Начини на кои таа ги погодува луѓето и нивните животи:
Депресијата нè прави неверојатно истоштени по долг ден во реалниот свет.
Ова е поинакво вид на истоштенoст - истоштеност од носење лажна насмевка цел ден и од задржување на емоциите за луѓето да не сфатат дека не се чувствувате добро, истоштеност од константното прашување дали животот е вреден за живеење.
Депресијата прави преживувањето на денот да биде потешко од што навистина е.
Кога човек е во депресија претешки му се и најобичните работи како носењето на децата во училиште или зборувањето од луѓето.
Депресијата прави да се чувствуваме изолирано.
Од моментот штом ги отвора очите личноста што е во депресија е преплавена со негативни емоции колку животот е ужасен и потребата да се откаже од сè и кормилото да ѝ го препушти неа. Овие мисли прават да се чувствува заробенo во магичен круг и ја влошува состојбата.
Депресијата прави да се чувствуваме виновно што не сме искрени кон семејството и пријателите.
Депресивната личност неретко става вештачка насмевка и се присилува да се смее во разговорите со блиски луѓе, кога всушност само посакува да се склопчи во креветот и да спие. Потоа имаа чувство на вина што не е искренa со саканите.
Депресијата нè прави неспособни да пронајдеме радост во малите работи како некогаш.
Повод за среќа повеќе не се забавите со пријателите, омиленото ТВ шоу, читањето на книга од омилениот автор. Сето тоа изгледа само како залудно изгубено време, а депресијата ја има централната улога заедно со преправањето дека сè е во ред.
С. С. | Црнобело