Која е разликата помеѓу психопат и социопат?

Психопатите и социопатите се популарни психолошки изрази употребени за опишување на насилни личности. Овие описи на личности се користат многу години како мотиви на бројни филмови, како Ханибал Лектор од „Silence of the Lambs“, Норман Бејтс од „Psycho“ или Ени Вилкс од „Misery“. 

Koja-e-razlikata-pomegu-psihopat-i-sociopat-01.jpg

Психопатите и социопатите постојат во општеството, тие се шармантни, манипулативни, бесчувствителни и насилни. Она што им е заедничко е недостиг на емпатија, непочитување на правила (понекогаш и закони) и насилно однесување без чувство на вина.

Знаете ли која е вистинската разлика помеѓу психопат и социопат?

Социопатите имаат недостаток на емоции и стабилност и многу се импулсивни. Во случај на извршување на напад тие можат да бидат насилни или ненасилни. Поради големата импулсивност често им недостасува трпение.

Психопатите се, од друга страна, многу детални. Некогаш имаат тенденција да остават траги зад себе, но ретко кога прават грешки.

Научниците често разговараат за тоа дали овие групи треба воопшто да бидат одвоени. Пред да дадеме дефиниција за овие нарушувања, една работа треба да ни биде јасна, психопатите се раѓаат како психопати, додека секој човек може да стане социопат.

Психијатрите го користат терминот психопатија за да го илустрираат антисоцијалното однесување и нарушување на личноста, додека социопатското однесување е предизвикано од физичка повреда на главата, злоупотреба или занемарување во детството.

Психопатите и социопатите не стануваат секогаш сериски убијци, а сите сериски убијци не се нужно психопати и социопати.

Koja e razlikata pomegu psihopat i sociopat 02

Социопатите се често нервозни и избувливи. Најчесто се необразовани или помалку образовани, понекогаш не се способни да задржат работа или да останат на едно место. Често им е тешко да се поврзат со другите луѓе и имаат мал број на пријатели со кои, по правило, имаат проблеми.

Социопатите делуваат возбудено и вознемирено, а речиси секое кривично дело што го вршат е случајно и спонтано, не и планирано. Поради ова навидум непостојано однесување полесно е да се препознае социопат од психопат.

За разлика од социопатите, психопатите не можат да создадат емотивни врски или да чувствуваат емпатија за другите. Можат да бидат агресивни и да се однесуваат како предатори.

Иако немаат емпатија, често се многу шармантни луѓе и вешти манипулатори. Тие учат да ги имитираат чувствата, и покрај нивната неспособност да ги почувствуваат. Психопатите се често високо образовани луѓе со стабилни и постојани работни места.

Koja e razlikata pomegu psihopat i sociopat 03

Некои психопати се толку добри во манипулирањето што имаат семејствата и долготрајни врски, а нивната околина никогаш не се сомнева во нивната вистинска природа. Кога вршат кривично дело, психопатите внимателно го планираат секој детаљ и често имаат резервен план.

За разлика од социопатите, психопатите се ладни, мирни и фокусирани. Од полициска перспектива, „ладнокрвната“ природа ги прави многу ефикасни криминалци.

Од дијагностичката страна, причината за психопатија се разликува од социопатија. Постои претпоставка дека психопатија е резултат на наследство (генетика), додека социопатија е резултат на надворешните фактори.

Психопатијата е поврзана со физиолошките недостатоци поврзани со недоволен развој на одредени делови на мозокот кои се одговорни за контролирање на импулси и емоции.

Koja e razlikata pomegu psihopat i sociopat 04

Социопатија, од друга страна, е повеќе производ на траума во детството или физичко, односно емоционално малтретирање. Бидејќи социопатијата се учи, социопатите се способни за емпатија, но само со одредени луѓе.

Психопатија е поретка од социопатија, а се смета за најопасна од сите антисоцијални нарушувања на личноста. Многу сериски убијци, како што се Тед Банди, Денис Радер и Џон Вејн Гејси, биле психопати без чувство на грижа на совест. Се проценува дека речиси 50 проценти од сериските убијци се психопати.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg