5 начини за природно зголемување на нивото на серотонин - хормонот на среќа
Доброто расположение не секогаш зависи од забавата или од добриот филм. Најчесто, серотонинот не можеме да го натераме да се лачи во поголеми количини кога ние сакаме.
Освен за добро расположение и среќа, тој ни помага и да ја контролираме својата емотивна состојба, ги подобрува моторните функции, а вклучен е и во регулацијата на крвниот притисок, пулсот и дигестивниот систем.
Високите нивоа на серотонин не се решението што ни треба кога е во прашање константно лошо расположение, анксиозност и депресија, па дури и бес и лутина. Но, тоа не го прави помалку важен нервотрансмитер.
Покрај серотонинот, важна улога во регулирањето на расположението играат допаминот, окситоцинот и ендорфинот.
За природна регулација на серотонинот, може да ви помогнат следниве пет начини:
Исхраната
Целокупниот бенефит од правилната и балансираната исхрана не е само здравје и витко тело, туку и здрав ендокринолошки систем.
Храната која влијае врз доброто расположение е богата со омега-3 масни киселини, витамин Б12, цинк, магнезиум и железо. Тука спаѓаат морската риба, јајцата, спанаќот, семињата, сојата и јатките.
Добар сон
Конзистентноста е важна и кога е во прашање ноќното спиење. Луѓето кои страдаат од некакво ментално нарушување, особено ако е поврзано со промени во расположението, често имаат и проблеми со спиењето.
Непроспаните ноќи ги умртвуваат рецепторите и ги прават резистентни на ефектите на серотонинот.
Витамин Д
Недостатокот на витаминот Д е поврзан со многу примери за нарушено расположение. Витаминот Д, во комбинација со омега 3 масните киселини го стимулира лачењето на серотонинот.
Излезете на сонце
Шетањето на дневна светлина, дури и во ладните месеци, е доволно за телото самото да синтетизира витамин Д. Ако се чувствувате нерасположено, пробајте со една кратка прошетка. Можеби и ќе ви помогне.
Намалете го стресот
Ова е многу полесно да се каже и советува, отколку навистина да се примени. Понекогаш, нашиот мозок нема голема контрола врз хемиските реакции на нашето тело.
Стресот индиректно, по пат на хормонални нарушувања, ги оштетува невроните и нè прави отпорни на среќните дразби. Ако има потреба, подобро е да побарате помош од терапевт, наместо да дозволите оваа состојба предолго да трае.
Е. Д. | Црнобело