Симптоми кои покажуваат дека вашето тело е подложно на инфекции
Инфекциите и воспаленијата може да предизвикаат низа на симптоми кои се непријатни за вас, а всушност можете лесно да ги детектирате веднаш по будењето.
Всушност, сосема е нормално да не се чувствуваме најдобро на светот кога се будиме, но некои нешта може да бидат далеку од нормалните. Симптомите може да бидат дотолку полоши доколку се предизвикани од некаква инфекција или воспаление внатре во телото.
Препознавате некој од овие сиптоми кај вас?
Мирис на амонијак во здивот
Непријатниот здив наутро е сосема нормален, но доколку чувствувате присуство на амонијак, тогаш можеби се работи за инфекција или во телото, но можеби и на непцата и забите.
Имате болки
Нормално е да имате мали болки, со оглед на тоа што не мрдате многу во текот на ноќта, не пиете вода неколку часа и метаболизмот ви работи на ниско ниво. Но, ако болката не мине во текот на денот, треба да обрнете повеќе внимание.
Чувствувате утринско гадење
Кога е исклучена бременоста како опција, утринското гадење може да биде недостаток на хранливи материи, хидратација и здрав животен стил. Комбинацијата на сето тоа може да ви предизвика нарушување на здрвјето.
Ве болат зглобовите
Ако имате болки и печење во зглобовите, како и нивна ограничена мобилност, обратете се кај вашиот матичен лекар на дополнителни испитувања.
Поуморни сте од обично
Ако ваквиот умор трае константно, па дури и е проследен со вртоглавици и несвестица, иако добро сте се наспале, размислете дали можеби постои инфекција која целосно ви ја цеди енергијата.
Се будите со желба за благо
Нема ништо лошо во тоа да појадувате нешто слатко, но забележете дали тоа го избравте затоа што ви се јадеше или затоа што имавте неверојатна желба за шеќер.
Е. Д. | Црнобело