„Што ми предизвикува панични напади?“ - 8 исповеди
„Се чувствувам заробено на место каде што има многу луѓе кои зборуваат гласно или викаат. На пример во некој трговски центар, ме фаќаат панични напади. Морам да го знам мојот излез оттаму.“
Сигурно и вие сте го слушнале изразот „панични напади“, но најверојатно немате идеја колку всушност застрашувачки можат да бидат тие.
Кога имате паничен напад се чувствувате како да губите контрола или како да ќе се онесвестите или ќе доживеете срцев удар. Може дури да имате чувство дека ќе умрете.
Понекогаш не постои логично објаснување зошто се појавува тоа интензивно чувство на страв и паника. Секој има различни искуства.
Луѓе откриваат што им предизвикува панични напади:
Голема врева и ненадејни звуци
„Големата врева и ненадејните звуци знаат да ми предизвикаат паничен напад. Толпата, хаотичниот сообраќај, а понекогаш и кога сум на тренинг, вежбам интензивно и не можам да дојдам до здив ме фаќа паника.“
Толпа и соочување
„Дури и одењето во кино знае да ме преплаши затоа што не можам да станам и да се движам наоколу. Чувството дека има толпа народ околу мене и јас немам слобода. Исто така, може да ме испаничи и најмало соочување за нешто со колега од работа.“
Стрес
„Кога имам премногу работи што ми се случуваат и стресни ситуации како моето тело да сака да земе минута одмор и сака да ме освести за тоа.“
Болести
„Јас сум мајка и кога децата ми се болни ме фаќаат панични напади, доволно е дури и некое само да се пожали дека го боли стомакот. Ми се потат дланките, срцето ми чука забрзано и ми се превртува во стомакот.“