Топла облека, диети за детоксикација: Чести навики на луѓето за кои докторите се загрижени
Секојдневните навики кои ги имате, иако мислите дека се мали и не може да ви наштетат, сепак влијаат лошо на вашето здравје.
На пример, дали знаете дека носењето премногу топла облека може да му наштети на здравјето или како оралната хигиена е поврзана со Алцхајмерова болест?
Постојат неколку работи кои многумина ги практикуваат често, а за кои докторите се загрижени заради недоволната грижа на луѓето за сопственото здравје.
Науката докажува дека некои секојдневни и мали навики имаат големо значење врз здравјето, па затоа не треба да ги игнорирате.
Според истражувањата треба да обрнете внимание на следниве работи:
1. Ако не одржувате добра орална хигиена, може да се создаде бактерија која влијае на мозокот и може да предизвика развој на Алцхајмерова болест.
2. Кога се облекувате со премногу топла и дебела облека како џемпери, бактериите полесно се размножуваат во облеката, па обидете се да носите поприродни материјали кои ќе ги одржувате чисти и проветрени.
3. Претераното консумирање на шеќер преку различни производи и исхрана базирана само на јаглехидрати може да доведе до развој на деменција. Не мора целосно да го исклучите шеќерот, но внимавајте на количината и не заборавајте дека го има и во овошјето, зеленчукот, пијалаците и многу други производи.
4. Користењето лак за коса за фиксирање на шминката може да предизвика воспаленија, иритација и акни на кожата на лицето.
5. Диетите за детоксикација и пиењето цеден лимот или пијалаци со оцет на празен стомак може многу повеќе да ви наштетат отколку да ви помогнат.
6. Чистењето низ дома, независно дали е миење садови или чистење шпорет, треба да се одвива со ракавици за да се заштитите од хемиски изгореници и да спречите токсичните супстанци да дојдат во допир со вашите раце, а потоа и со храната, пијалаците, очите или устата.
7. Избегнувањето појадок ги попречува метаболитичките процеси кои во спротивно би функционирале нормално, и поради тоа, може да доведе до вишок тежина.
М. М. | Црнобело