7 сигурни знаци дека вашето тело не трпи брашно: Интолеранцијата на глутен не е воопшто едноставна работа
Најверојатно најголемиот дел од луѓето, особено на Балканот, за прв пат слушнаа за интолеранцијата на глутен од Новак Ѓоковиќ. После неговата изјава поврзана со овој здравствен проблем, секој втор се сомневаше дека го има истиот.
Поголемиот дел од луѓето коишто патат од интолеранција на глутен не се ни свесни за тоа, бидејќи истата тешко се дијагностицира. Околу 51% од луѓето патат од одреден вид на интолеранција на глутен или целијакија.
Ова се знаците коишто укажуваат на интолеранција на глутен:
1. Фоликуларна кератоза
Позната како гускина кожа, обично се јавува на рацете и бедрата. Се појавува заради недостаток на масни киселини, бидејќи глутенот ги оштетува цревата.
2. Константни главоболки
Мигрените и непрестајните главоболки се знак дека имате нетолеранција на глутен. Тие исто така можат да бидат знак за дехидратација и некои други нарушувања во телото.
3. Автоимуни болести
Во некои случаи, проблемите со штитната жлезда, ревматскиот артритис, лупусот, мултиплекс склерозата, псоријазата итн. можат сите да бидат поврзани со нетолеранција на глутен.
4. Проблеми со варењето
Гасови, дијареја, запек итн., се еден од очигледните знаци на нетолеранција на глутен.
5. Вртоглавица
Уште еден знак на нетолеранција на глутен е вртоглавицата.
6. Хроничен замор
Понекогаш хроничниот замор е последица на нешто што може лесно да се отстрани, како што е дехидратација или пак нешто поопасно како ХИВ.
Доколку имате хроничен замор, треба да се консултирате со доктор и да ја дознаете причината. Доколку после консумирање храна која содржи глутен се чувствувате уморно, тоа може да биде знак за нетолеранција на глутен.
7. Фибромијалгија
Многу од луѓето со дијагноза фибромијалгија и хроничен замор, всушност патат до нетолеранција на глутен, но не се свесни за тоа. Доколку ви е дијагностицирана една од овие две болести, тогаш не поднесувате глутен.
(О)Милена | Црнобело