Топ 3 вежби за стимулирање на работата на црниот дроб
-->
Иако многумина не гледаат на црниот дроб како важен витален орган, сепак тој игра важна улога и не треба да го запоставите.
Како и сите останати органи, така треба да се трудите да го одржите во добра состојба и црниот дроб, со цел да работи правилно.
-->
Покрај правилниот начин на исхрана, добро е да практикувате и неколку вежби кои ја стимулираат работата на црниот дроб.
Погледнете неколку вежби кои може да ги правите дома за подобро функционирање на овој орган:
Вежба 1
- Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото, со дланките свртени надолу
- Подигнете ги нозете и држете ги исправено
- Полека почнете да ги кревате над глава додека стапалата не го допрат подот зад рамениците
- Држете се во оваа положба 1 минута и потоа полека вратете ги нозете во почетна положба
Вежба 2
- Седнете на мека, но рамна подлога со вкрстени нозе како на фотографијата и со исправен грб
- Со десната рака допрете го левото колено
- Левата рака ставете ја на подот зад грбот, додека со горниот дел на телото сте свртени кон десно
- Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа повторете го движењето на спротивната страна со другата рака
- Повторете 5 пати на двете страни
-->
-->
Вежба 3
- Седнете на мека, но рамна и стабилна подлога со вкрстени нозе и со исправен грб
- Кренете ја левата нога, свиткајте ја во коленото и ставете го стапалото покрај десното колено, од надворешна страна (ќе почувствувате благ притисок на црниот дроб)
- Ставете ја десната рака на левото стапало, а левата на подот зад грбот.
- Останете во оваа положба 30 секунди, а потоа повторете го движењето на спротивната страна со спротивната рака и нога
- Повторете 5 пати на двете страни
-->
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни
Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање?
Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран
Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар)
Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка
Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот
Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
-->