Окинавска исхрана, начин на живот кој ја „гази“ медитеранската диета
За начинот на живеење и исхрана на јапонскиот остров Окинава сме пишувале и претходно, а всушност, нивниот пример е многу лесен за следење.
Во медиеранската диета најмногу се ценат омега 3 масните киселини, протеините од морската храна, овошјето и зеленчукот. Окинавската диета во принцип се заснова на растенија, кои доаѓаат од локалните бавчи.
Окинава е позната по своите долговечни жители, кои се хранат здраво и тренираат боречки вештини дури и во длабока старост.
Но, дали нивниот начин, иако лесен, може да биде применлив кај нас?
Прочитајте како тие го прават тоа:
Протеини
Окинавците не се вегетаријанци, но повеќе значење даваат на растенијата отколку на месото. Во нивните порции има мали количини свинско месо или риба, а во остатокот се полни со зеленчук, мешунки и алги.
Јаглехидрати
Окинавската и медитеранската исхрана не се соодветни за кето-режимот, бидејќи содржат големи количини здрави јаглехидрати. Во окинавската исхрана јаглехидратите спрема протеините се застапени во сооднос 10:1, а во медитеранската е нешто помал. Сепак и во двете исхрани се јадат и житарици и скробни зеленчуци и овошје.
Нема ориз и тестенини
Иако ги ценат јаглехидратите, жителите на Окинава не јадат бел ориз (ретко интегрален), леб, тестенини и слатки. Јаглехидратите ги добиваат од компири, тиква, соја, грав и леќа. Во медитеранската диета се дозволени лебот и тестенините.
Зеленчукот како основа
И во двата начини на исхрана, зеленчукот е ѕвездата во чинијата. На Окинава се користи локален зеленчук како што е виолетовиот благ компир, сојата, горчливата диња и алгите што личат на гроздови. Но исто така користат и многу моркови, пиперки и други зеленчуци со жолта, портокалова и црвена боја.
Не бројат калории
Нивното мото е едноставно: Јади колку што ти е доволно да се најадеш, но не и да се прејадеш.
Очигледно е дека ваквиот начин на размислувањ еим успева. Истото го применуваат и на Медитеранот.
Е. Д. | Црнобело