6 важни знаци дека некој е опасен по сопствениот живот
Промена во расположение – личноста почнува да се однесува необично, па или екстремно се повлекува или пак почнува да биде еуфорична.
Ретко кога постои една причина некој да одлучи да си го одземе животот. Тоа е резултат на проблеми кои се таложеле и таложеле сè додека ситуацијата не станала навидум безнадежна за таа личност.
Личноста која доаѓа до точка кога помислува да посегне по својот живот верува дека не постои решение за нејзините проблеми и дека на луѓето од околината ќе им биде подобро без нив.
Но, во таквите мигови сите треба да знаат дека суицидалната криза трае само кратко време и ќе помине. Во тој миг треба да се побара помош.
Отворањето пред другите едноставно спасува живот.
Не е лесно да се идентификува личност што сака да посегне по сопствениот живот, но сепак постојат некои знаци.
Дел од важните знаци:
- Промена во расположение – личноста почнува да се однесува необично, па или екстремно се повлекува или пак почнува да биде еуфорична.
- Промени во рутините, како навики за спиење и јадење, како и недостиг на енергија и уморен изглед.
- Посегнување по пороци повеќе од обично како пиење, пушење и користење на дрога.
- Тешкотии при справување со секојдневните работи и немање желба за правење на работите во кои вообичаено ужива таа личност.
- Изјави од типот: „Никој не ме сака“ и други негативни коментари за себе.
- Губење интерес за грижа за својот изглед.
Охрабрувајте ги луѓето околу вас да ви зборуваат за проблемите и за тоа како се чувствуваат. Покажете им дека сакате да знаете низ што минуваат и дека сте тука за нив.
С. С. | Црнобело