Јадам, значи постојам - Како да си го промените односот кон храната и да не си ги „јадете чувствата?“

Замислете дека јадењето е толку едноставно како полнењето на автомобилот со гориво. Автомобилот го полните само кога стрелката на резервоарот е насочена кон празно. Или дополнувате точно онолку гориво колку што е потребно, ни помалку, ни повеќе.

Kako-da-go-smenite-odnosot-kon-hranata-01.jpg

За поголемиот дел од нас, јадењето не е толку едноставен процес. Она што започнува како биолошки неопходно, набргу започнува да се поврзува со различни емоции, идеи, спомени и ритуали.

Храната симболизира повеќе работи – славје, утеха, казна, навика, обврска… во зависност од денот и пригодата ни се случува да не јадеме доволно, да се прејадеме или да јадеме многу лоша храна.

Време е да го смениме нашиот односот кон храната и да престанете да си ги „јадеме чувствата“ секогаш кога сме несигурни:

Почувствувајте глад

Многу работи нè тераат да јадеме беспотребно – пладне е и не сме гладни, ама дојдено е времето за ручек. Полноќ е – време е за мала ужинка. Среќни сме, нервозни сме, депресивни сме, греота е да се остави јадењево и да се фрли. Премногу сме љубезни за да кажеме не кога некој нè нуди со храна, здодевно ни е, некој донел торта и чести?

Слично на ова го сузбиваме апетитот поради други причини – премногу сме зафатени, тажни сме, бесни сме, никој друг не јаде на масата, премногу рано е за јадење, предоцна е, премногу сме возбудени за да каснеме макар залче.

Замислете си скала од 0-10. Нулата означува дека ќе се онесвестите од глад, а 10 ја опишува состојбата после слава или ручек кај баба (значи прејадени со храна).

Потребно е да јадете во моментот кога ќе почувствувате дека гладот се движи некаде помеѓу 3 и 4 на скалата.

Доколку се изгладнувате (од 0-2) тогаш правите многу погрешни избори, јадете нездрава храна со многу калории, јадете пребрзо и постигнувате состојба на прејадување.

Јадете го она што телото ви го бара

Постојано сте на строга диета или пак се опуштате и јадете претерано, без престан. Се препознавте?

Наместо да ги слушате другите и нивните совети, за промена послушајте си го своето тело. Тоа ќе ви каже што точно му е потребно – солено, слатко, кисело, скроб, протеини или јаглени хидрати.

Ќе се изненадите дека не секогаш телото сака пица, бургери или торта. Ќе почнете да правите подобри избори во однос на храната и да се чувствувате посигурно и поздраво.

Обидете се да не ја користите храната како казна или награда

Ова не доаѓа како некое огромно изненадување. Како мали деца родендените ги поврзуваме исклучиво со торта. Доколку сме умни и послушни ќе бидеме наградени со сладолед или пица.

Но, како што созреваме сфаќаме дека самите ги поставуваме границите онаму каде што сакаме. Можеме слободно да го смениме целиот концепт на прослави значајни настани.

Кој вели дека мора да има торта или дека мора да има печено месо? Зошто воопшто мора да има некаква казна или награда кога станува збор за храната?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg