Што може да ве направи мамурни, а не е алкохол?
Ако барем еднаш сте искусиле мамурлак, знаете колку ужасни се симптомите. Главоболката и нагонот за повраќање може да бидат знак за лудо помината ноќ, но дали сте знаеле дека е можно да се чувствувате мамурни без да се напиете ниту капка алкохол?
Мамурлакот има заеднички нешта со неколку други медицински состојби, па затоа следниот пат кога ќе се разбудите чувствувајќи се ужасно, размислете дали страдате од некоја од нив.
Дехидрација на организмот
Премногу сол, премногу кофеин или премалку вода се можни причини да се чувствувате мамурни. Се што го дехидрира организмот може да предизвика симптоми слични на мамурлак.
Можеби сте вежбале предолго претходниот ден без да испиете доволно вода, или пак сте испиле премногу кафе во обид да надоместите за непроспиената ноќ - што и да е вашиот случај, трудете се да пиете доволно вода за да ја спречите појавата на овој проблем.
Проблеми со црниот дроб или бубрезите
Доколку често ви се случува да се разбудите мамурни, можеби телото ви кажува дека некој од вашите органи не функционира правилно. Кое било пореметување на црниот дроб или бубрезите може да се манифестира со промена во физичката и менталната состојба.
Затоа, доколку мамурлакот се појавува заедно со друг, за вас нов здравствен проблем, споделете ги симптомите со вашиот матичен лекар.
Скриена инфекција
Одредени инфекции може да го натераат вашето тело да манифестира мамурно чувство. Можно е да се чувствувате вака доколку имате неизлечена инфекција, односно дека истата се влошува.
Лекови за спиење
Некои лекови за спиење може да предизвикаат главоболка следниот ден. Доколку употребувате вакви лекарства или штотуку ви се препишани, бидете сигурни дека ги знаете нивните контраиндикации.
Намален внес на кофеин
Ако сте голем љубител на кафе а не пиете доволно вода, тогаш веројатно често се чувствувате мамурни. Намалениот внес на кафе може да резултира со главоболки, вртоглавица и чувство на замагленост.
Конзумацијата на кафе предизвикува промени во крвната циркулација, па доколку наеднаш го намалите внесот на кафе, сигурно е дека ќе се чувствувате мамурни следниот ден.
А. Ш. | Црнобело