Изненадувачки и неочекувани симптоми на заслабнат имунитет
Ако подолг период чувствувате дека не ви е добро, имате дигестивни проблеми, вртоглавици и слични симптоми кои не исчезнуваат, веројатно проблемот е во вашиот имунитет.
Тој може да заслабне и поради стрес, проблеми со спиењето или лоша исхрана. Затоа и на вашето тело му е тешко да се избори со настинките. Дополнително, лачењето на кортизол (стрес-хормон) исто така го заслабнува имунитетот.
Ако досега мислевте дека болестите се симптом на проблеми со имунитет, ова се неколку изненадувачки знаци дека треба да поработите на него:
Имате постојани дигестивни проблеми
Врската меѓу имунитетот и варењето е многу посилна отколку што мислите. Заслабнатиот имунитет може да ви предизвика низа дигестивни проблеми. Ако тие траат подолго време и не исчезнуваат дури и откако ја променивте исхраната, тогаш време е за на лекар.
Ниедна настинка не ве одминува
Постојано ви е затнат носот, кашлате, кивате, изнемоштени сте или имате температура и тоа трае со месеци и месеци. Буквално не сте имуни на ништо. Ако имате две или три последователни настинки кои траат повеќе од три денови, треба да поработите повеќе на имунитетот.
Секогаш сте уморни
Спиете доволно, се храните добро, но повторно сте постојано уморни. Забележете дали тоа е проследено со некој од горенаведените проблеми или пак, со губиток на апетитот и болки во зглобовите. Вашиот имунитет се бори со нешто, затоа е потребно да направите анализи за да откриете каде е проблемот.
Болни сте долг период
Нормално е настинката да ве држи ден до два во кревет, но проблем е ако тоа трае подолго од четири денови. Земајте доволно витамини и пијте пробиотици.
Имате чести габични инфекции
Габичните инфекции, како што е здодевната кандида, се појавуваат при пад на имунитетот. Може да се појават на кожата, во устата или на половите органи. Токму ова треба да ви биде знак дека морате да делувате врз работата на целиот имунитет, а не само да ги лечите симптомите со антимикотици.
Е. Д. | Црнобело