7 знаци дека всушност не спиете длабоко
Секоја ноќ не е иста, дури и ако веќе сте го воспоставиле осумчасовниот циклус на спиење.
Некогаш, можеби имате проблеми со спиењето, а за тоа воопшто да не сте свесни. Затоа и често не ви е јасно зошто некогаш сте добро наспани, а следниот ден се чувствувате како едвај да сте се одмориле.
Зад ова може да има најразлични медицински проблеми, но и едноставно, телото да не ви е навикнато на таквиот циклус.
Обратете повеќе внимание што ви го попречува сонот, а ако е потребно, обратете се и кај лекар.
Ова се седум знаци дека нешто се случува со вас, што спречува да имате длабок сон:
Се будите лесно
Ако ве буди секој звук или дури и најслабата светлина, тогаш сигурно не спиете длабоко. Кога телото е заспано длабоко, тогаш будењето при тивки звуци и слаба светлина е многу потешко од тоа.
Одложувате аларми
Будењето наспани за вас е вистински мит, а кога ќе заѕвони алармот толку сте „гроги“ што го одложувате алармот. Ова воопшто не е здраво и сигурно нема да се наспиете повеќе во следните 15 минути.
Имате проблем со 'рчење
'Рчењето може да ве спречи длабоко да заспиете, иако на вашето тело очајно му е потребно тоа. Доколку сте свесни за ваквиот проблем, не оставајте да стане поголем, туку обратете се кај лекар.
Ви треба преспивање преку ден
Дури и ако сте спиеле осум часа ноќта, тоа што имате потреба да преспиете е знак дека не ви бил доволен ноќниот сон. Ова не треба да го мешате со енергизирачката дремка, бидејќи таа само ви е повремен поттикнувач. Постојаната потреба за преспивање веќе е проблем.
Се будите во текот на ноќта
Некогаш поради звуци или потреба за во тоалет, а некогаш тотално без причина. Тоа значи дека мозокот не може да влезе во РЕМ-фазата и со секое будење вие повторно ја одложувате.
Преморени сте
Не ви е јасно зошто не ви помага ниту кафе, ниту храна, за да го избуткате денот. Вие константно сте преморени и уморот не се губи дури ни кога правите работи што теоретски треба да ве енергизираат.
Секогаш сте будни пред алармот
Некогаш може да ви е случи да бидете будни пред алармот дури и по час или два и да се мачите да дремнете уште малку. Ова е јасен знак дека нешто не е во ред со вашиот циклус на сонот.
Препознавањето во најмалку еден од овие симптоми е алармантно и потребно е да консултирате лекар, за да би можеле конечно да се одморите адекватно.
Е. Д. | Црнобело