10 проблеми кои се појавуваат поради недоволно дружење со пријателите
Изгледа дека недостатокот на комуникација и дружење ни прави поголема штета отколку што мислиме.
Едно истражување го спореди недостатокот на социјализација со 15 испушени цигари.
А, листата на негативни ефекти од недоволно дружење со пријателите е следната:
1. Недостатокот на пријателства и дружби може да ви го скрати животот за околу 1 до 2 децении.
2. Поголеми шанси за развој на сенилност и деменција.
3. Игнорирањето на дружбите со пријателите може да ви донесе и физички промени, односно зголемена тежина и здравствени проблеми како дијабетес.
4. Докажано е дека недостатокот на комуникација негативно се одразува на кардиоваскуларниот систем.
5. Намалена самодоверба и зголемена несигурност во себе и своите одлуки.
6. Намален имунитет.
7. Недостаток на интереси во животот.
8. Развивање на лоши навики и зависности.
9. Ризично ментално здравје, големи шанси за депресија, анксиозност и несоодветни реакции на секојдневните предизвици.
10. Немање чувство за обврска, лојалност и поврзаност.
М. Д. | Црнобело