Кој е најстариот метод за продолжување на животниот век?

Започна периодот на Велигденски пости што е индикатор за телесно и духовно прочистување на организмот. Дефиниран како воздржување од одредена храна и пијалоци во одреден временски период, постот како концепт е присутен илјадници години, а духовното постење е дел од многу религии.

koj-e-najstariot-metod-za-prodolzuvanje-na-zivotniot-vek-001.jpg

Додека некои луѓе постат од духовни причини, за други постот е начин физички да го дисциплинираат телото. Без оглед на причините, научно е докажано дека постот има огромни здравствени придобивки, посебно во забавување на стареењето.

Постот игра важна улога во детоксикацијата на телото и една од најбараните придобивки на постот е процесот на заздравување кој започнува во телото за време на циклусите на гладување. Овој процес се јавува кога телото ги бара изворите на енергија што не може да ги најде преку варењето на храната или течностите . Ова го принудува телото да работи екстра тешко за да функционира, што резултира со елиминација на оштетените делови од телото, како што се абнормални израстоци, оштетени имунолошки клетки и ткива поради недостаток на поддршка на расположивите производи на телото. Корист од циклусот на гладување е тоа што го ослободува телото од токсини кои се изградени во нашите резерви на масти, ја подобрува регулацијата на холестеролот и глукозата во крвта, може да ја редуцира телесната маса, овозможувајќи на телото природно и здраво да се лекува, но и да се подмладува.

Најголема научно докажана предност на постот е чувството на подмладување и продолжен животен век. Дел од овој феномен е предизвикан од голем број на бенефиции споменати погоре. Забрзан метаболизам, ефикасно производство на мускулна маса, подобрен имунолошки систем и зголемено производство на хормони придонесуваат за оваа долгорочна корист од постот.

Затоа, каков и метод на постење да применуваме, во периодот кога внесуваме посна храна многу е важно таа да биде богата со растителен протеин, комплексни јаглехидрати, растителни влакна и незаситени масти.

За појадок консумирајте порција мусли или овесна каша во комбинација со новите растителни напитоци од Виталиа со протеин од грашок. За ручек вклучете високопротеински намирници како киноа, хељда, просо во комбинација со богата салата од зеленолиснат зеленчук и семиња од лен, тиква и сончоглед.

За ужина дегустирајте различни вкусови на посни житни барови, или интегрални крекери со семиња.

Ако сакате  максимална апсорпција на хранливи материи и бавно ослободувачка енергија, подгответе си Smoothie To Go Виталиа.

Уживајте во најголемите бенефиции од посната храна и поминете здрав и енергичен период на постење.

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg