6 работи кои ги зголемуваат шансите за заболување од рак, а 90% од луѓето не се свесни

Во време кога сите информации ни се достапни на еден клик, жалосно би било да не се информираме повеќе за тоа како можеме да си го зачуваме здравјето додека не е предоцна.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-001.jpg

Ако им веруваме на истражувањата кои ја проучуваат појавата на ракот и кои фактори влијаат за негово „развивање“ во организмот, според нив постојат 6 работи кои ги зголемуваат шансите за заболување.

По долгогодишни истражувања, лекарите и научниците тврдат дека испитаниците кои биле склони кон овие 6 навики и работи, имале поголеми шанси да заболат од рак:

1. Преголема тежина

Доколку имате прекумерна тежина, имате и поголем ризик за развивање на канцерогени клетки во телото, тврдат истражувањата.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-02.jpg

2. Пиење жежок чај

Ако пиете претерано жежок чај, имаме лоша вест. Според овие истражувања, пијалаците потопли од 65 степени може значително да го зголемат ризикот од рак на езофагија.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-01.jpg

3. Натпросечна висина

Едно истражување покажа дека колку што личноста е повисока – толку поголеми се шансите за развој на рак. Ова чудно откритие за првпат беше презентирано во јавноста во ’50-тите, но сепак е недоволно објаснета која е поврзаноста.

4. Работење доцна навечер

Работењето до доцна навечер влегува во ризичните фактори како последица на кои човековото тело може да развие канцерогени клетки. Иако истражувањата покажаа дека поврзаноста постои, сепак научниците не можат да најдат точно објаснување.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-03.jpg

5. Шетање на сонце без заштитен фактор

Доволни се 15 до 30 минути прошетка на силно сонце, без заштитен фактор, за да се зголеми ризикот од рак на кожа.

6. Чад од оган и месо готвено на скара

Едно истражување покажа дека луѓето кои често готват на скара, од чадот впиваат хемикалии кои го зголемуваат ризикот од рак. Поточно, овие хемикалии многу полесно се впиваат преку кожата, отколку преку директното вдишување.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-04.jpg

Добра вест: Мобилните телефони не се на оваа листа

Иако повеќето луѓе веруваат дека мобилните телефони може да предизвикаат рак на мозокот, сепак 10-годишните истражувања го покажуваат спротивното. Односно, досега немаат пронајдено никаква поврзаност помеѓу изложеноста на зраците од смартфоните и појавата на рак.

6-raboti-koi-gi-zgolemuvaat-shansite-za-zaboluvanje-od-rak-a-90-procenti-od-lugjeto-ne-se-svesni-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg