Тест со крекер: Колку ви е брз метаболизмот?

Ако сте преслаби или имате вишок килограми, сигурно барем еднаш сте ја дискутирале брзината на вашиот метаболизам како можна причина за вашиот вишок или недостаток на тежина.

test-so-kreker-kolku-vi-e-brz-metabolizmot-03.jpg

Но, за што точно се работи? Како да проверите колку ви е брз или бавен метаболизмот?

Овој тест со обичен крекер и стоперка ќе ви ги реши дилемите.

Создавач на овој тест е докторот Шерон Моалем, кој тврди дека ова е најлесниот начин да утврдите дали телото добро ви ги вари јаглехидратите.

Пред да започнете со тестот, наполнете ја устата со плунка.

Земете парче несолен крекер, притиснете ја стоперката и почнете да го џвакате крекерот.

Обрнете внимание на времето.

Ако вкусот на крекерот не се промени по 30 секунди од почетокот на џвакањето, тогаш стопирајте го тестот.

По колку секунди почувствувавте промена во вкусот?

0-14 секунди,

15-30 секунди или

Повеќе од 30 секунди?

test-so-kreker-kolku-vi-e-brz-metabolizmot-02.jpg

Плунката содржи ензими кои ја разградуваат храната, а зависно од нивната концентрација, зависи и леснотијата со која храната се вари.

Кај некои луѓе концентрацијата на овие ензими е до 50 пати повисока од просечната, па за нив се вели дека имаат брз метаболизам.

Од друга страна, оние кои имаат недостаток од овие ензими, важат за лица со бавен метаболизам.

Доколку за разградување на крекерот ви требаат повеќе од 30 секунди, значи дека треба да се воздржите од големи количини на јаглехидрати, бидејќи телото тешко ви ги разложува и тоа може да биде причината за вишок килограми.

test-so-kreker-kolku-vi-e-brz-metabolizmot-01.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg