4 работи од секојдневието кои предизвикуваат анксиозност, без да сте свесни
За анксиозноста во последно време се зборува како за временска прогноза - појавата е толку честа, што почнавме да ја сметаме за нормална. Нејзини симтоми се забрзан пулс, хронична загриженост и страв од иднината.
Одредени нивоа на стрес се нормални, но анксиозноста може да ве изнемошти доколку е постојано присутна, па дури и тогаш кога на другите сè им изгледа мирно на површината.
Додека некои луѓе сметаат дека навиките како медитација и редовно вежбање помагаат во ублажување на симптомите, други се борат да ги утврдат предизвикувачите на анксиозноста.
Ова се четирите „соработници“ на вознемиреноста што никогаш не ви паднале на памет:
Вашите светилки
Луѓето со анксиозност, особено оние што чувствуваат чувство на паника или лесно се преоптоваруваат, може да бидат почувствителни на извори на интензивна светлина.
Некои од овие извори вклучуваат LED светилки, флуоресцентни светла и синa светлина од телефони и компјутери.
Размислете за замена на некои од овие светилки со помек, послаб извор на светлина. Ограничете го времето што го поминувате на вашиот телефон или компјутер, посебно ноќе.
Вашиот бучен сосед
Ако живеете во центар на град, во близина на аеродром или сосед чие куче не престанува да лае, имајте предвид дека постојаната врева ја засилува анксиозноста.
Белиот шум, кој вообичаено им се пушта на малите бебиња за да се смират и заспијат, може да ви помогнат и вам.
Квалитетот на воздухот
Карактеристиките на лошиот квалитет на воздухот (висока или ниска влажност, застоен воздух или постојани мириси), исто така, имаат негативни ефекти врз нашето ментално и физичко здравје.
Можете да преземете одредени чекори за да го подобрите квалитетот на воздухот на вашиот дом, односно да купите повеќе растенија, да го фрлате ѓубрето веднаш и да ги отворате прозорците често за да ѝ овозможите на сончевата светлина да влезе во домот.
Хемикалии во производите за чистење
Денес, за жал, хемикалиите се насекаде, вклучувајќи ги и нашите средства за чистење. Ако сте вознемирени треба да преземете мерки на претпазливост со избегнување на силни хемикалии.
Започнете со тоа што ќе се едуцирате за тоа кои отрови треба да ги избегнувате, гледајќи во производи кои се направени со природни состојки, или да направите сопствени средства за чистење.
А. Ш. | Црнобело