7 невообичаени, но многу корисни примени на кокосовото масло
Кокосовото масло е навистина неверојатна храна. Тоа не само што има одличен вкус, туку нуди мноштво придобивки за нашето тело.
Помага при согорување масти, го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и ја подобрува работата на цревата. Има антибактериски својства и многу други намени за кои можеби не сте информирани.
Многу од овие трикови не само што ќе ви заштедат пари што инаку би ги потрошиле за купување на непотребни производи, туку ќе ви помогнат да ги елиминирате токсичните хемикалии во домот.
За енергија
Кокосовото масло е богато со тип на масна киселина која лесно се апсорбира во телото и не мора да биде разградена од страна на телото за да добие енергија. Тоа значи дека е директна енергија за вашето тело, мозокот и клетките.
Помешајте 1 лажица кокосово масло со половина лажица чиа семе. Оваа комбинација е совршена за доцните попладневни часови или по тренинг. Можете да јадете директно од лажицата или да го помешате со цеден сок.
За хигиена на устата
Колку и да звучи чудно, кокосовото масло е неверојатно за здравјето на вашите заби и непца. Тоа има антибактериски својства и е особено ефикасно во убивањето на Streptococcus mutans - бактерија во устата која може да предизвика наслаги, кариес и заболување на непцата.
Плакнењето на устата, односно задржување на мала количина кокосово масло во устата ги извлекува токсините, ги отстранува наслагите, се бори со бактериите, го намалува расипувањето на забите, лошиот здив и болестите на непцата (гингивит).
Наутро на празен стомак ставете 1 лажица кокосово масло во устата и задржете 10 до 20 минути, потоа плукнете во обложена канта за ѓубре за да не го затнете одводот. Исплакнете со солена вода.
Како замена за пена за бричење
Кокосовото масло е одлична замена за пена за бричење. Едноставно нанесете на лицето како што тоа вообичаено го правите со пената, и избричете. Кокосовото масло ќе ја остави кожата влажна, мазна и чиста. Неговите антибактериски својства ќе ги заштитат евентуалните исекотини од инфекција.
За балансирани хормони
Доколку страдате од хормонален дисбаланс, кокосовото масло може да помогне. Тоа е богато со здрави масти кои ја поддржуваат функцијата на тироидната и надбубрежната жлезда и ги балансираат хормоните.
Ова е исклучително важно за секој со намалена функција на тироидната жлезда. Доколку имате потешкотии со вкусот на кокосовото масло, може да се обидете да го побарате во форма на капсули.
За заштита од инсекти
Многу средства против инсекти кои се достапни на пазарот во својот состав содржат токсични хемикалии, штетни за вашето тело и за животната средина. За да се заштитите од нивните напади, може да природен препарат против инсекти - помешајте една лажица кокосово масло со неколку капку есенцијално масло од мента, еукалиптус или рузмарин и нанесете на кожата. Убаво мириса а е и безбедно за употреба.
За чистење на дрвен мебел
Средствата за чистење на мебел од дрво се ефективни, но содржат многу токсични состојки и силни синтетички мириси кои го загадуваат воздухот во вашиот дом. Следниот пат кога ќе го чистите вашиот мебел обидете се со кокосово масло за да го одржите вашиот мебел од дрво сјаен и блескав.
Кокосовото масло не само што го извлекува природниот изглед на дрвото и има убава арома, туку и придонесува за намалено собирање прашина. Соодносот е следен - 2 делови кокосово масло (стопено), 1 дел сок од лимон, 1 дел бел оцет. Нанесете на мека крпа и избришете го мебелот.
За отстранување шминка
Кокосовото масло може да ги разгради и отстрани тешките и отпорни состојки во сенките за очи и маскарата. Ставете малку кокосово масло на памук и нежно избришете ги очните капаци. Не само што за миг ќе ја отстраните шминката, туку ќе ја направите кожата мазна и хидрирана.
А. Ш. | Црнобело