Кои се симптомите на комплексот на помала вредност и како да ги препознаете?
Најдобар начин да се препознае комплексот на помала вредност е препознавање на неговите симптоми.
Во теорија, овој комплекс би требало лесно да се препознае, бидејќи се работи за чувство на помала вредност во споредба со другите луѓе. Од друга страна, ова чувство честопати е потиснато или отфрлено, поради што треба да бараме други траги, ако сакаме да поставиме правилна дијагноза. Ова се некои од најважните симптоми на комплексот на помала вредност на кои треба да обрнеме внимание.
Изолација. Луѓе кои страдаат од комплексот на помала вредност ретко кога излегуваат. Почесто имаат тенденција да се изолираат и да најдат изговори за да се држат настрана од општествените настани, дури и кога навистина сакаат да се дружат и да се запознаат со нови луѓе.
Срамежливост. Кога личноста, која има комплекс на помала вредност, ќе се најде во социјална ситуација, тој или таа нема да се однесува многу социјално. Тие имаат тенденција повеќе да слушаат, отколку да зборуваат, да избегнуваат многу теми и ретко кога да изразуваат поинакво мислење од доминантните луѓе во групата.
Криење на грешки и маани. Луѓето кои се чувствуваат помалку вредни се особено ранливи на нивните грешки и маани. Поради ова постојано се обидуваат да ги импресионираат. Личностите кои постојано се фалат најчесто се несигурни однатре.
Некои од симптомите се очигледни, а некои се суптилни. Колку повеќе го изучувате и практикувате нивното препознавање, толку полесно ќе разликувате кога некое лице се чувствува инфериорно во однос на другите.
Ашера | Црнобело