Како да ги избегнеме менталните замки кои нè уништуваат?

Нашиот ум и нашето расположение можат да бидат многу чувствителни на светот што нè опкружува. Вознемирувачките настани во животот како: лошо раскинување на врска, невработеност, губење на драги личности, често нè трауматизираат, што е сосема нормално, но и нашите секојдневни модели на размислување имаат многу големо влијание. 

Kako da gi izbegneme mentalnite zamki koi ne unistuvaat 01

Лошите навики можат да влијаат на нашето ментално здравје, без разлика дали се работи за еден тажен ден или долгорочна депресија и анксиозност.

За среќа, повеќето од овие ментални замки можат да се избегнат, а еве и како.

Избегнување на физичка активност

Зошто е штетно: Физичката активност игра клучна улога во подобрувањето на расположението. Редовното вежбање има позитивен ефект врз мозокот и хормоните поврзани со расположението.

Што можете да направите: Ако се борите да се придржувате до распоредот за вежбање, можеби истиот е премногу амбициозен. За почеток, обидете се да одделите петнаесет до дваесет минути за вежбање секој ден.

Игнорирање на нередот

Зошто е штетно: Хаосот во вашиот дом може да биде суптилен извор на психолошката вознемиреност. Поради нередот се чувствуваме оптоварени, буквално и фигуративно.

Што можете да направите: Ослободите се од работите кои не ви требаат и кои не ги користите.

Kako da gi izbegneme mentalnite zamki koi ne unistuvaat 02

Премногу алкохол

Зошто е штетно: Алкохолот на нервниот систем делува како депресант, ве успорува и потенцијално го намалува расположението. Покрај тоа, може да предизвика кошмари и немирен сон.

Што можете да направите: Умереноста е клучна во сите работи, тоа важи и за алкохолните пијалаци.

Опсесивно размислување

Зошто е штетно: Постојаното превртување на истите мисли предизвикува стрес за телото и мозокот. Се забрзува дишењето и отчукувањето на срцето, а вашето тело ослободува кортизол, хормон за стрес кој влијае врз вашето физичко и емоционално здравје.

Што можете да направите: Научете како да ги контролирате мислите за да ги избегнете овие непотребни повторувања. Она што помага во таквите ситуации е длабоко дишење, масажа, брзо одење...

Потиснување на бесот

Зошто е штетно: Бес и фрустрација се сосема нормални реакции на неизбежните предизвици во животот. Но кога ги потиснувате овие чувства можете да го добиете спротивниот ефект. Гневот и лутината се поврзани со симптомите на депресија.

Што можете да направите: Важно е да ги изразите негативните емоции. Ако можете да го изразите бесот на мирен, а не агресивен начин, ќе се чувствувате подобро.

Kako da gi izbegneme mentalnite zamki koi ne unistuvaat 03

Социјална изолација

Зошто е штетно: Повлекување од семејството и пријателите е чест симптом на депресија и анксиозност.

Што можете да направите: Дури и кога сте преокупирани со обврските обидете се да се поврзете со пријателите и семејството, барем неколку минути. Овие социјални интеракции можат да го подобрат вашето расположение.

Престојување во затворен простор

Зошто е штетно: Престојување во затворени простории ви ги одзема двете состојки неопходни за менталното здравје: витаминот Д, кој се произведува во телото за време на изложеност на сончева светлина и самата природа која може да ве смири на потсвесно ниво.

Што можете да направите: Излезете! Ако работите во канцеларија прошетајте низ паркот или седнете надвор за време на паузата. Дури и мала количина на сончева светлина (десет минути) може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Kako da gi izbegneme mentalnite zamki koi ne unistuvaat 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg