Губење на видот и слухот, депресија – 6 најчести болести од кои страдаат „Милениумците“
Родените помеѓу 1980 и 2000 година, популарно наречени „Милениумци“ (ориг. Millennials) се соочуваат со бројни здравствени проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да поверувате, но тие се многу понездрави за разлика од нивните родители.
Паметните телефони, лаптопите, бројните патувања и навиките кои се однесуваат на јадењето – сите овие работи имаат огромен ефект врз оваа возрасна група на млади луѓе.
Факторите пак на животната средина влијаат врз нивното ментално здравје и се разликуваат од оние во минатото и влијанието што го имале врз нивните родители.
Модерното време, технологијата, постојаниот пристап до информации и знаењето кое ни е толку лесно достапно предизвикува повеќе стрес, а тоа значи повеќе нервоза и депресија).
Од што најчесто страдаат денешните милениумци?
Фотофобија
Двајца од пет милениумци поминуваат повеќе од 9 часа дневно пред компјутерот или на телефонот. Сината светлина која ја емитуваат овие апарати предизвикува многу проблеми на очите.
Сината светлина е дел од спектрумот, светлина којашто може да ја видиме со голо око која пенетрира длабоко во ретината и ја оштетува, истовремено блокирајќи го лачењето на хормонот мелатонин.
Во последните 10 години, нашата зависност кон дигиталната технологија е многу зголемена. Изложеноста на сината светлина од паметните телефони, компјутерите и телевизорите е особено штетна. Нашите очи стануваат посензитивни, а видот ни се оштетува.
Болки во половината и постојано вкочанет врат
Милениумците поминуваат повеќе од 40 часа неделно во седечка положба пред компјутерот. Воопшто не е изненадувачки што голем дел од нив имаат проблеми со вратот и половината.
Овие видови на болки се типични за луѓето во поодминати години, но во денешно време сè повеќе ги среќаваме кај помладите генерации поради нивниот седиментарен начин на живот.
Аголот во кој ја фиксираме главата додека гледаме во телефонот влијае особено штетно на грлото и вратот, дури повеќе отколку седењето пред компјутер.
Губење или проблеми со слухот
Се зголемува бројот на милениумци кои имаат проблеми со слушањето. Тие не доживеале никаква механичка повреда, како удар, но голем дел од нив имаат синдром на двојно слушање. Главната причина за овие двојни одѕвонувања во увото е слушањето прегласна музика на слушалки додека сме на работа, додека пешачиме или сме сами дома.
Терминот „оштетување на слухот“ е нешто што најчесто се поврзува со постарите луѓе, а денес има сосема поинакви димензии. Се препорачува да се слуша музика најмногу до 80 децибели, максимум 40 часа неделно. Доколку бројката стигнува до 89 децибели, максимумот на неделно слушање на слушалки опаѓа на 5 часа неделно.
Речиси никој не ги почитува предупредувањата кои алармираат дека го надминувате безбедносниот праг на висината на тонот.
Рак на кожата
Иако од година во година се зголемува бројот на случаи со рак на кожата, добро е да се истакне дека милениумците обрнуваат повеќе внимание на кожните заболувања, за разлика од генерациите пред нив.
Статистиката вели дека постојат дури 99% шанса за преживување со раното и успешно дијагностицирање на меланомот.
Младите луѓе одат почесто на дерматолог, дури и со најмали симптоми кои нивните родители дефинитивно би ги игнорирале. Се чини дека барем во овој поглед имаат зголемено чувство за одговорност и превенција.
Депресија
Во модерното општество постојано сме изложени на информации кои постојано ни создаваат одреден вид на притисок. Најчесто, овие информации се изобличени и нереалистични.
Преплавени сме со совршени Инстаграм фотки, каде што се прикажува еден фотошопиран и нереален живот со скапи автомобили, дизајнерска облека и перфектно извајани тела.
А вистината е дека никој од нас не живее така. Многу млади луѓе се чувствуваат несреќно поради тоа што не може да го достигнат овој „идеал“ и модерен терк на однесување. Ова е само една од причините кои водат до депресија и немање самодоверба. Изолацијата е уште една од многуте причини.
Тетанија
Дали сте слушнале за хипопаратиреоидизам (тетанија)? Нападите на ова заболување започнуваат со нервоза, брзо срцебиење, чувство дека сè околку вас се распаѓа. Целосна немоќ и слабост, особено во врвовите на прстите.
Продолжува со трнење и вкочанетост во рацете и стапалата, па дури и лицето и јазикот. Што придонесува за развојот на тетанијата? Според докторите долгиот наталожен стрес, емоционалната исцрпеност, лошиот режим на исхрана и премногу алкохол си го прават своето.
Генерално, се манифестира со силно грчење на мускулите. Милениумците кои страдаат од овој синдром покажуваат зголемени иритации во централниот нервен систем, како и во кардиоваскуларниот и дигестивниот систем. Тетанијата повеќе ги погодува жените, но се зголемува и бројот на заболени од машкиот пол.
(О)Милена | Црнобело