Дали постои ситуација во која е безбедно да се спие со тампон?
Интернетот и женските магазини се преполни со бизарни и потресни сведоштва за последиците кои може да ги предизвика носењето тампон, наместо обичната циклусна влошка.
Сигурно и меѓу своите пријателки имате такви кои тврдат дека со тампон многу полесно го поминуваат циклусот или пак, за вас важи ова тврдење. Но, што мислат општо гинеколозите за спиење со тампон?
Знајте ги границите
На секое пакување тампони треба да има наведено максимален период во кој може да се носи. Некои можат да „држат“ и до осум часа, што е времетраење еднакво на ноќното спиење, но гинеколозите се согласни дека влошката е далеку побезбедна опција.
Разберете го својот циклус
Ако вашата пријателка менува тампон на три часа, можеби вие ќе треба да го менувате почесто. Тоа зависи од вашиот циклус, интензитетот и болките кои притоа ги имате. Но, фактот дека тампон потопен и со најмалку менструална крв веќе е идеална подлога за развој на бактерии треба доволно да ве разубеди во идејата да спиете со него.
Синдромот на токсичен шок
Синдромот на токсичен шок е животозагрозувачка состојба и е последица на преголема концентрација на бактерии кои се размножиле околу тампонот. Постојат девојки кај кои симптомите се појавиле уште по првите неколку минути од вметнувањето. Сепак, дури и ако сте издржале со часови преку ден, не ризикувајте да се изложите на опасност ноќе.
Составот и материјалот од кој е направен тампонот
Внимателно читајте од што е направен тампонот за да можете да ја исклучите алергиската реакција како опасност. Но, тоа не е доволно за да заклучите дека не сте во ризик. Напротив, вашиот организам може да го препознае тампонот како страно тело и да ви предизвика силна (и болна) реакција која ќе трае додека да го отстраните.
Е. Д. | Црнобело