Зошто толку многу инфлуенсерки одат на терапија?
На Инстаграм кај нив сè е розово, постојано се дотерани на разни забави, но во реалноста многу од нив се анксиозни, изолирани и несреќни.
Инфлуенсерката што го води инстаграм профилот „Jo Love“ откри дека секој четврток оди на психолог и за тоа говори јавно.
Таа сака да порача дека терапијата не е страшна и да ги охрабри сите да го сторат тоа.
Таа е само една од низата инфлуенсерки кои открија дека посетуваат психолог. Иако нивниот живот изгледа дека е преполн со рози, раскошна облека, луксузни патувања, реалноста е дека да се биде инфуленсер со полно работно време е навистина напорно и дека придонесува за ментални болести.
На Инстаграм тие позираат на разни забави и настани, но во реалноста се многу поизолирани и поосамени. Имаат емоционален товар кој го кријат од светот, затоа што на нивните Инстаграм профили сè треба да биде розово прикажано.
Многу време работат сами од дома и се чувствуваат депресивно, плус социјалните мрежи им носат многу негативна енергија поради злите јазици кои им пишуваат негативни пораки и коментари.
Размислуваат премногу за содржината и тоа им предизвикува анксиозност. Постојано се споредуваат со други инфуленсерки.
Нивниот „неисфилтриран свет“ е многу поинаков од совршенството што го сервираат на Инстаграм.
Изгледа да се биде инфлуенсер и не е така работа од соништата како што изгледа...
С. С. | Црнобело