Кујнскиот сунѓер има повеќе бактерии од тоалетната школка - што да преземете?

Готвењето домашна храна е одлично за здравјето на вашето тело, но не толку здраво за вашата кујна.

Kujnskiot sungjer ima povekje bakterii od toaletnata shkolka 01

Според едно истражување, сунѓерите за миење садови се преполни со штетни бактерии. По анализата спроведена во Германија, истражувачите идентификувале вкупно 362 различни типови на бактерии што може да се најдат на кујнскиот сунѓер.

Тестираните сунѓери во просек имале 45 милијарди бактерии по квадратен сантиметар, што е далеку повеќе од бактериите присутни на тоалетната школка. Сега кујнскиот сунѓер може да го прогласиме за „најголемиот резервоар на активни бактерии во домот". Што е уште поважно, некои од овие бактерии имале „патоген потенцијал", што значи истите може и да ве разболат.

Патогените кои се хранат со храна, а се внесени во кујната од контаминирани производи, на пример зелена салата или сурово месо, најверојатно ќе ги пронајдете и  на кујнскиот сунѓер. Иако многу од нив се безопасни, некои од нив може да предизвикаат симптоми слични на стомачен вирус.

„Иако изложеноста на овие патогени од храната во домот е ретка, оние со послаб имунолошки систем секогаш се изложени на поголем ризик", велат научниците.

Што може да се направи во врска со ова?

Редовното миење на сунѓерите е од исклучителна важност. Натопете го и ставете го во микробранова печка приближно 1 минута и тоа на дневна база.
Ако немате микробранова печка или користите жица, машината за миење садови ќе ја заврши работата.

Една минута во микробранова печка убива 99,99999 проценти од бактериите присутни на сунѓерот, додека за машината за миење садови дава малку послаби резултати. Друга опција е да го натопите сунѓерот во сок од лимон и дестилирана вода, или во малку бел оцет а потоа да го оставите да се исуши.

Освен редовно чистење и одржување на вашиот сунѓер, избегнувањето на бактериски жаришта, како сурово месо, ќе му помогне да трае подолго. Добро чуваниот сунѓер трае еден месец , а доколку забележите дека од него доаѓа непријатна миризба веднаш заменете го со нов.

A. Ш | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg