Како ќе си го влошите здравјето доколку постојано дишете на уста?
Иако можеби не ви се чини дека дишењето на уста е голем проблем, сепак тоа може да предизвика сериозни потешкотии.
Важно е да се напомене кои потенцијални опасности може да се појават кај лицата коишто најголем дел од времето дишат на уста, а може воопшто да не ги забележат сè додека истите не се развијат во сериозен проблем.
Овие луѓе може да се контролираат да дишат на нос во текот на денот, но кога ќе си легнат, тие повторно се враќаат на дишењето на уста, што предизвикува неколку здравствени проблеми.
Некои од вообичаените симптоми кои произлегуваат од константното дишење на уста се:
- - Суви усни
- - ’Рчење
- - Инфекција на дишните патишта, вклучувајќи ги и синусите, ушите, чести настинки
- - Хронично лош здив
Бројни истражувања покажале дека дишењето на уста може да влијае на развојот на скелетот на лицето, положбата на мускулите на усните, образите и јазикот, како и да доведе до оклузија.
Дишењето на уста може да доведе до сушење на устата, што пак доведува до намалено производство на лигавица. Лигавицата е важна бидејќи таа ги неутрализира киселините и помага во неутрализирањето на бактериите, а без неа се зголемува можноста од појава на кариес.
Покрај ова, дишењето на уста може да доведе и до болести на забите, коишто може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми во телото, вклучувајќи ги и мозочниот и срцевиот удар.
Што се однесува до естетиката, дишењето на уста после некое време може да доведе до неправилна положба на забите.
Затоа стручните лица советуваат да не го занемарувате овој проблем, бидејќи има многу негативни последици.
(О)Милена | Црнобело