Често заборавте, но не знаете зошто - 6 најчести „крадци“ на меморијата
Колку пати ви се има случено да тргнете некаде, а на пола пат да заборавите зошто воопшто сте тргнале? Дали секогаш знаете каде ги оставивте клучевите од станот или автомобилот?
Дали понекогаш не се сеќавате на важните датуми и телефонски броеви, како мозокот да ви е блокиран? Ова се шесте најчести крадци на меморијата.
1. Недостаток на сон
Експертите постојано предупредуваат дека недостатокот на сонот може значително да влијае на секојдневните задачи. Намалената концентрација, бавните реакции и заморот не влијаат лошо само на секојдневните активности, туку и на умот.
2. Тироидната жлезда
Оваа жлезда нема посебен ефект врз мозокот, но влијае на сите метаболички процеси во телото, па затоа треба да ја проверите нејзината функција, доколку имате проблеми со губење на меморијата.
3. Пушење
Пушењето го оштетува мозокот, бидејќи негативно влијае на протокот на крвта во него. Може да предизвика заболување, оштетување на функцијата на мозокот и значително да го намали фондот на зборовите.
4. Депресија и анксиозност
Експертите докажаа дека анксиозноста и депресијата ги нарушуваат нервите кои влијаат на меморијата. Меѓутоа, доколку зад загубата на меморијата се крие депресијата, постои можност меморијата да биде целосно вратена.
Како што расположението на поединецот се подобрува, истото го прави и неговото сеќавање.
5. Исхрана
Исхраната богата со маснотии влијае на хипокампусот, делот од мозокот кој е одговорен за краткотрајната меморија.
6. Стрес
Хормоните на стресот влијаат на деловите од мозокот кои ја контролираат меморијата. Хроничниот стрес значително го оштетува мозокот.
Ашера | Црнобело