Лични верувања кои ги спречуваат луѓето да се соочат со сопствената депресија
Еден од најтешките моменти при соочувањето со проблем со менталното здравје е залажувањето дека ситуацијата не е толку сериозна.
Депресијата може целосно да ја искриви сликата која ја имате за реалноста и тогаш го перцепираме светот доста субјективно и сите нешта ни се чинат безнадежни. Најчести симптоми се циклусот на негативни мисли, емоции и однесување кои не се типични за вас кога се чувствувате добро.
Но, поради стигмата со која се опкружени менталните заболувања, луѓето често на погрешен начин се спречуваат да се соочат со реалниот проблем:
„Не е толку лошо“
Ако ова е реченица која си ја велите толку често, но сепак не можете да ѝ поверувате ниту самите, време е да ја сфатите сериозно својата состојба.
„Можам сам/а да се справам со ова“
Депресијата е сериозно нарушување, а не пречка во животот со која би можеле да излезете на крај за неколку дена.
„Сè е лошо и ужасно“
Ако во сè гледате катастрофа, тоа е до вашата перцепција која е искривена од депресијата и може да биде навистина штетно за вас.
„Ништо веќе не е важно“
Има уште многу нешта кои се важни. Поради тоа со депресијата не треба да се справувате самите.
„Ми треба одмор од ова“
Тоа можеби ќе ги минимизира симптомите привремено, но со ваков проблем треба да се справувате постепено и стручно.
„ОК е, барем сум во врска“
Депресијата може да се појави дури и во услови кои ви се чинат најидеални. Врската не треба да ви биде утеха дека нештата се добри, кога знаете дека не се.
„Не плачам, значи не ми се случува“
Плачењето е симптом само кај одреден број случаи. Поверојатно е дека треба да се загрижите што не можете никако да ја извлечете тагата од себе, а не затоа што „по книга“ би требало да плачете.
„Успехот на работа ќе го поништи ова чувство“
Можете да имате одлична кариера и најдобри резултати, а дома да ви е ужасно. Затрупувањето со работа е само привидно решение.
„Едноставно, не сум нормален/на“
Ослободете се од општествените стеги и побарајте помош. Секако дека сте уникатна личност сами за себе, но од друга страна сте човек, како и сите околу вас.
Е. Д. | Црнобело