Сокот од целер е новиот Инстаграм тренд – кои се неговите придобивки?

Сокот од целер сигурно не е првото нешто што ви доаѓа на ум кога се зборува за здрава исхрана, и за волја на вистината, до неодамна не беше ниту приближно модерен како, да речеме, авокадото. 

sokot-od-celer-e-noviot-trend-kaj-slavnite-koi-se-negovite-pridobivki-01.jpg

Моделот Миранда Кер секое утро пие сок од целер, а Ентони Вилијам е човекот кој го започна овој тренд. Во моментов, под хаштаг #celeryjuice на Инстаграм може да се најдат преку 80 илјади постови.

Вилијам работи надвор од конвенционалната наука и медицина. Тој вели дека кога луѓето би ги знаеле сите моќни лековити својства на сокот од целер, тој би се искачил на врвот на листата на здрава храна. Целерот има неверојатна способност убедливо да ги подобри сите видови здравствени проблеми.

Не дозволувајте да ве измами едноставноста на овој лековит еликсир – честопати најсложените ситуации бараат од вас да преземете наједноставни мерки. Сокот од целер е чудесен сок. Тоа е еден од најлековитите тоници на сите времиња.

Sok od celer nov holivudski instagram trend 01

Вилијам вели дека илјадници луѓе кои страдаат од хронични и мистериозни болести успеале да го подобрат своето здравје со пиење 500 милилитри сок од целер дневно на празен стомак.

„Бидејќи моите книги опфатија голем дел од светот споделувајќи ги придобивките од сокот од целер, тоа стана глобално движење. Сакам да се осигурам дека луѓето знаат како да го користат овој моќен пијалок правилно и успешно, бидејќи неговиот лековит потенцијал е огромен“, вели Вилијам.

Сокот од целер е најмоќен кога го пиете чист. Иако е одлично да консумирате други зелени или зеленчукови сокови и да додадете спанаќ, кељ, магдонос или јаболка, настојувајте да ги пиете мешаните сокови во друг дел од денот.

Овие мешавини функционираат поинаку од чистиот сок од целер испиен на празен стомак.

https://www.instagram.com/p/Bteyo5mh77w/

Што е разликата помеѓу пиење сок од целер и јадење стебленца од целер? Стебленцата од целер, иако многу здрави, не се подеднакво делотворни како сокот од целер.

Кога целерот е во форма на сок, пулпата (растителните влакна) се отстранува и неговите лековити придобивки стануваат многу помоќни и биолошки достапни, особено за некој со хронична болест. Исто така ќе можете да консумирате многу повеќе целер како сок отколку што би јаделе.

https://www.instagram.com/p/BtfsFVIneqK/

Сокот од целер ја подобрува функцијата на жолчката. Силна жолчка е важна за добро разложување на маснотиите и е важен борец во борбата против патогените кои се пробиле во вашето тело.

Покрај тоа, го обновува централниот нервен систем и ги отстранува старите отрови и отровите од црниот дроб, како што се токсични тешки метали и токсични хемикалии - пестициди, освежувачи на воздух, детергенти, петрохемиски производи и конзерванси.

Целерот содржи биоактивна компонента наречена апигенин што може да помогне при воспаленија на стомакот; истиот е докажано дека го забавува растот на рак на дојка. Лутеолинот пак, уште една состојка што се наоѓа во целерот, може да го намали растот на ракот на простата за 20%.

После сето ова, очигледо е дека целерот нуди многу придобивки. И додека не треба да се потпирате на неговата делотворност кога станува збор за вашето целокупно здравје, убаво е да го додадете во вашата утринска рутина.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg