Факти за машките телесни течности на кои не е лошо да се потсетите

Ретко кој се чувствува удобно да зборува за телесни течности, но и за нив треба да имаме знаења и познавања.

fakti-za-mashkite-telesni-technosti-na-koi-ne-e-losho-da-se-potsetite-01.jpg

Кога се мисли на машки телесни течности, најчесто паметот „оди“ кон семена течност, но тука спаѓаат и потта, плунката, урината и крвта, кои во секој случај, се разликуваат од женските.

Ова се неколку факти кои горе-долу ви се познати, но секогаш можете да научите и нешто повеќе:

Потта може да биде привлечна

Иако помислата на пот не е најпријатна на светот, понекогаш токму мирисот на потта е клучен за создавањето привлечност меѓу две личности. Според науката, тоа се случува инстинктивно, како кај животните, кога двете личности меѓу себе препознаваат потенцијален партнер за размножување.

Претсемената течност содржи сперматозоиди

И како таква, иако со доста низок ризик, може да доведе до бременост. Ако не е тоа целта, користете заштита.

fakti-za-mashkite-telesni-technosti-na-koi-ne-e-losho-da-se-potsetite-02.jpg

Претсемената течност може да содржи и сексуално преносливи инфекции

Сосема логично, бидејќи доаѓа од истото место каде заразените веќе ги имаат инфекциите.

Во ејакулатот може да има траги од урина

Во ејакулатот се содржат мали количини на урина. Кај мажите тоа се случува бидејќи и урината и спермата поминуваат низ истиот канал.

fakti-za-mashkite-telesni-technosti-na-koi-ne-e-losho-da-se-potsetite-03.jpg

Некои жени се алергични на семена течност

Протеините кои ги содржи семената течност може да предизвикаат алергиски реакции кај жените и ова е сериозен проблем со кој се соочуваат голем број жени во светот.

И другите телесни течности може да заразат со сексуално пренослива инфекција

Овие зарази може да бидат пренесени и преку плунка и пот, иако ризикот е доста помал отколку преку семена течност и крв.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg