Утринско или вечерно туширање - кое е всушност подобро за вас?
Во светот постојат многу дилеми кои ги делат мислењата на луѓето, а една од нив е и преференцијата за утринско или вечерно туширање.
Сепак, се чини дека оваа дилема добива и научна поткрепа во корист на едниот избор и тоа од аспект на квалитетното спиење.
Сигурно сте забележале дека кога не сте добро наспани речиси ништо и да не функционира како што треба. Во тој контекст, треба да го префрлите туширањето за навечер, а во продолжение ќе објасниме и зошто.
Експертите за подобар сон сметаат дека туширањето пред спиење го релаксира телото и го ослободува умот, поради комбинацијата на топла вода и миризливиот гел за туширање. Иако бањањето во када е дури и подобар избор, оние кои ја немаат таа опција, можат и само со туширање.
Утринското туширање значи и будење доста порано, за да можете и да се истуширате и да се исушите. Но, навечер доволно е да одвоите само 20 минути и тоа најдоцна половина час пред легнување, за да ја започнете својата рутина која ќе ви загарантира полесен и попријатен сон во текот на ноќта.
Исто така, важно е дали сакате топол или ладен туш. Во тој случај, ако сте љубители на топлиот туш, туширајте се навечер, а доколку сакате брз ладен туш, правете го тоа наутро.
Е. Д. | Црнобело