9 знаци со кои телото ви покажува дека си ја мразите работата
Секој има лоши денови на работното место, но сепак треба да внимавате на знаците кои постојано се појавуваат, а укажуваат на тоа дека очајно си ја мразите работата и ви треба промена.
Вашето тело може да ја препознае негативноста која произлегува од работната средина и стресот, а честопати се манифестира преку овие 9 симптоми:
1. Несоница, предизвикана од претерано размислување и анализирање на работните задачи.
2. Главоболки и хронична напнатост во рамениците, вратот и главата, кога и да сте на работното место.
3. Болки во мускулите, без преголема физичка активност.
4. Лошо ментално здравје, анксиозни и депресивни мисли.
5. Слаб имунитет и чести настинки.
6. Намалено либидо.
7. Константен замор во текот на 8-те работни часа, дури и да имате доволно паузи и одмори.
8. Проблеми со желудникот, надуеност и проблеми со варење на храната.
9. Екстремно намален или зголемен апетит.
М. Д. | Црнобело