7 важни работи кои треба да ги знаете ако имате партнер кој пати од анксиозност

Во модерното време во кое живееме, сè почест случај станува појавата на анксиозност и депресија кај луѓето, независно од возраста.

7-vazhni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-imate-partner-koj-pati-od-anksioznost-01.jpg

На оние кои никогаш не се соочиле со овој проблем, тешко е да им се објасни колку сериозна состојба е тоа и што всушност значи, па добро е да ги знаат причините за појава на анксиозност и депресија

Секако, не треба да ги избегнувате овие луѓе, напротив, треба да им помогнете, посебно ако се работи за оние кои ви се во најблискиот круг, како на пример, партнерот.

Кога сакате некого, сè што посакувате е да ја гледате таа личност среќна и во добра состојба.

Доколку сте со некој кој пати од ваква состојба, веројатно ви се крши срцето, посебно доколку не знаете што да направите.

За среќа, постои начин на кој може да му помогнете на партнерот (или друга блиска личност) да се избори со анксиозностa.

Но, за да го направите тоа, прво мора да знаете неколку важни работи за луѓето со овој проблем:

1. Потребно им е трпение

Понекогаш, на луѓето кои патат од ова, им е потребно повеќе време за да направат нешто што на другите им оди без проблем. Можеби ви личи фрустрирачки на вас, но покажете трпение и не им се лутете, бидејќи така само ќе го влошите проблемот. Трпението е она што им е најпотребно од вас во овие моменти.

2. Тие не патат само ментално

Анксиозноста е ментална болест, но она што повеќето луѓе не го разбираат е начинот на кој менталната болест се презентира физички.

Оваа болест може да ги направи луѓето да се чувствуваат физички болни или нестабилни, и исто така, може да им предизвика чувство како да не можат да дишат или да им се зголеми притисокот и пулсот.

3. Тие не се слаби

Понекогаш, тие се кршат внатрешно и емоционално. Плачат, се кријат од светот, се борат да дишат и се соочуваат со други проблеми, но тоа не значи дека се слаби.

Живеењето со анксиозност е вистински кошмар, а фактот што успеваат да функционираат на еден или друг начин, докажува дека се силни, дури и ако не мислите така.

7-vazhni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-imate-partner-koj-pati-od-anksioznost-02.jpg

4. Тие мора да чувствуваат дека можат да зборуваат со вас

Анксиозноста прави луѓето да се чувствуваат изолирано и како да немаат никој на кого може да му се обратат.

Ако вашите сакани се борат со анксиозност, верувајте дека им е потребен некој што ќе биде покрај нив во тешките моменти.

Ако ја стекнете нивната доверба доволно, вие ќе бидете личноста на која ќе се потпираат.

7-vazhni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-imate-partner-koj-pati-od-anksioznost-03.jpg

5. Тие може да патат и од депресија исто така

Многу малку луѓе сфаќаат дека една болест може да доведе до друга, кога станува збор за менталната состојба.

Многу често се случува луѓето кои патат од анксиозност да патат и од депресија, а нивниот анксиозен ум може да ги направи нерасположени и без воопшто енергија.

6. Тие не можат да се смират туку така

Кога паниката ќе „нападне“, единствената работа која може во моментот да им помогне е длабокото дишење и чекањето да помине.

Тоа што ќе им кажувате да се смират и ќе паничите повеќе од нив, не е воопшто од помош, па обидете се тоа да им го објасните и на останатите кои се во близина на партнерот.

Ако беше толку лесно да се релаксираат само затоа што некој така рекол, ќе го направеле и претходно, а ако ги уверувате во тоа, ќе оставите впечаток дека не ги сфаќате сериозно и ќе почнат да ве избегнуваат.

7-vazhni-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-imate-partner-koj-pati-od-anksioznost-04.jpg

7. Тие мора да бидат сами некогаш

Замислете колку е напорно секој ден да живеете под стрес и да бидете „на работ“. Токму таков е животот на оние со анксиозност, па некогаш единствената работа што може да помогне е да останат малку сами, настрана од луѓе.

Не се навредувајте ако побараат малку време за себе, не е дека не сакаат да ве гледаат вас, туку имаат потреба да си ја наполнат енергијата.

Прочитајте и - „Се чувствувам безнадежно, како да се давам“: 12 исповеди со фотографии како изгледа анксиозноста

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg