7 начини како екстремната тага може физички да го повреди вашето тело

Нашето тело е еден извонреден механизам. Тоа јасно отсликува сè што ни се случува внатре и надвор од него, без оглед на тоа дали се работи за нашата ментална, емоционална или физичка состојба. На некој начин сите овие работи се поврзани меѓу себе.

7-nacini-kako-ekstremnata-taga-moze-fiziciki-da-go-povredi-vaseto-telo-01.jpg

Доколку една личност е хронична тажна подолг временски период тоа ќе се рефлектира и физички на телото.

Што всушност се случува кога сме екстремно тажни?

1. Тагата го намалува нивото на енергијата и прави да се чувствувате константно уморни, дури и да не сте биле премногу физички активни.

2. Луѓето кои се многу тажни имаат тенденција да зборуваат развлечено и бавно и да даваат расеани и нецелосни одговори.

3. Тагата води до честа болка во телото, особено во пределот на половината, вратот и главата.

4. Личноста која се соочува со огромна тага може да јаде премалку или пак премногу, две состојби кои лошо влијаат на телото и здравјето.

5. Тагата го нарушува сонот. Личноста која се соочува со огромна количина на тага може да спие премалку и да има нарушен сон или пак да спие невообичаено долго.

6. Личноста со тажни и негативни мисли во умот се движи побавно од вообичаеното. Исто така, има тенденција по малку да ги влече нозете.

7. Тагата резултира со темни кругови под очите и прави кожата да изгледа уморно и безживотно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg