Како наједноставно да разговарате со партнерот за контрацепцијата?
Како што напредува врската, така се зголемува и веројатноста дека ќе бидете интимни со вашиот партнер.
Но, она за што треба да разговарате пред воопшто да го имате првиот секс, е контрацепцијата. Дали ќе користите кондом? Можеби ќе додадете и контрацептивни таблетки?
Можете да размислите и за спирала или некој друг начин на заштита од несакана бременост.
Сите методи на контрацепција веќе се горе-долу познати. Кондомите не содржат хормони, туку се физичка заштита. Ги има и машки и женски.
Хормоналните контрацепции доаѓаат во форма на таблетки, инјекции, фластери кои лачат хормони кои се впиваат преку кожата или хормонален имплант кој се вметнува под кожата. Тука постојат и спиралите, кои може да бидат и хормонални и нехормонални.
Ако сте сигурни дека не сакате деца, тогаш постојат и вазектомијата и хистеректомијата, како и „подврзувањето“ на јајцеводите.
За што и да се решите, разговарајте со партнерот за да најдете заедничко решение. Овој разговор може да биде комплициран, но морате да го направите:
Објаснете зошто ви е потребна контрацепција
Бидете искрени кон вашиот партнер зошто ви е потребна контрацепција. Објаснете ги вашите приоритети и бидете отворени. Не сакате деца? Се плашите од полово преносливи зарази? Имате нередовен циклус и овулација? Партнерот ќе цени ако го вклучите во целосниот процес.
Кажете му што е важно за вас
Разговарајте со факти. Истражете ги сите можни несакани ефекти на секоја од опциите. Ова е важна одлука и за двајцата и не му забранувајте да дојде со вас доколку решите да вградите спирала или имплант. Поддршката е важна.
Прашајте го што е најважно за него
Доволно зборувавте за вас. Време е да го прашате партнерот со кој метод се осеќа најкомфорно. Дали некој од методите го прави несигурен? Секако, тој нема да одлучи наместо вас, но важно е да дадете до знаење дека и неговото мислење е важно на долгорочен план.
Е. Д. | Црнобело