5 природни начини да направите детоксикација на црниот дроб

Црниот дроб извршува многу одговорна задача во човековото тело - тој ги претвора токсините во отпад, ја чисти крвта, ги депонира остатоците од храна и лекови и продуцира протеини.

dali-vi-treba-detoks-na-crniot-drob-5-nachini-kako-da-go-napravite-toa-prirodno-01.jpg

Здравиот црн дроб потоа се прочистува самиот, но кога е преоптоварен, потребно е малку да му помогнете. Покрај со отпадот од храната, црниот дроб се полни и со изумрени крвни клетки, но и со токсини од околината и со хемикалии од козметиката што ја користиме.

Најлесен и најефикасен начин за прочистување на црниот дроб е со детоксикација на природна база.

Симптоми по кои ќе препознаете дека ви е потребен овој детокс се: постојана желба за шеќер, се чувствувате уморно, имате констипација, страдате од сезонски алергии, имате вишок килограми иако се храните здраво, потта ви мириса лошо, не можете да изгубите ниту килограм, пречувствителни сте на мириси и често ви се случува да имате вознемирен стомак.

Вашата изложеност на хемикалии, лошата исхрана, подолгото земање лекови или пиењето алкохол го оштетуваат црниот дроб.

Kако вие природно можете да помогнете во неговото прочистување:

Балансирана исхрана

Применувајте здрав животен стил со кој ќе ги намалите мастите во црниот дроб, на начин што ќе избегнувате процесирана храна, кофеин и алкохол, а ќе се фокусирате на зеленчук, овошје, житарици, јатки, семиња и месо со познато потекло. Откажете се од храна која содржи адитиви.

Пијте доволно вода во текот на денот, а во исхраната вклучете бадеми, сончоглед, авокадо, артичоки, шумско овошје, цвекло, цитрусни овошја, коренести зеленчуци, зелен листест зеленчук и ферментирана храна. Во текот на денот испијте и една чаша зелен чај.

Откажување од одредени видови храна

Во периодот кога сакате да му помогнете на црниот дроб да се прочисти и обнови, треба да се откажете од одредени видови храна или пак, да се префрлите неколку дена само на течна исхрана.

Во принцип, можете да го поделите денот на 16 часa во кои сте будни, а оброците ви се поделени во првите 8 часa, додека во следните 8 не јадете ништо. Потоа, спиете 8 часa.

По неколку денови ќе забележите дека веќе се чувствувате подобро.

Користете суплементи кои го чуваат црниот дроб паметно и ограничено

Не верувајте слепо на рекламите дека одреден сируп, смути, прашок или капсула ќе ви помогнат да го прочистите црниот дроб. Иако генерално се безбедни, суплементите треба да ги земате по консултација со доктор.

Еднаш дневно квалитетно испотете се

Потењето помага дел од токсините да се исфрлат преку кожата, а со тоа ќе му помогнете на вашиот црн дроб да не се преоптоварува премногу. Ослободувањето од отровите ја подобрува функцијата на црниот дроб.

Можете да вежбате, да танцувате или да одите во сауна.

Грижете се за себе

Грижата за вас опфаќа зачувување и на физичкото и на менталното здравје. Борете се против стресот, кој може да ви предизвика дигестивни проблеми и автоимуни заболувања.

Применувајте здрав животен стил, хранете се добро, медитирајте, дозволете си ароматерапија, масажа или суво четкање на кожата. Вежбајте длабоко дишење, јога и пешачете најмалку 30 минути во текот на денот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg