Како најлесно да си помогнете против сувоста во очите?

На сите ни е познато чувството кога ќе трепнеме и се чувствуваме како под очниот капак да имаме песок, кој ни го гребе очното јаболко. Ова воопшто не е наивна состојба.

kako-najlesno-da-si-pomognete-protiv-suvosta-vo-ochite-01.jpg

Сувоста на очите се случува кога нема доволно навлажнување од солзниот канал, па затоа го чувствуваме тоа непријатно гребење, кое може да биде проследено и се пецкање.

Примарна причина за сувоста може да биде воспаление, кое иако лесно може да се спречи и да се излечи, во меѓувреме е доста непријатно. Оваа инфекција спречува да се создава солзниот филм кој го обложува окото.

Втора причина може да биде и постојаното гледање во компјутерските екрани и мобилните телефони, поради што може да се појави сувоста и заматениот вид. Исто така, жените се поподложни на сувост на окото во споредба со мажите.

Други фактори може да бидат пушењето цигари или престојување во зачадени простории, лошото спиење и секако, лошата исхрана.

kako-najlesno-da-si-pomognete-protiv-suvosta-vo-ochite-02.jpg

Ако овие симптоми ви звучат познато, прочитајте како да си помогнете:

Користете капки за очи

Постојат повеќе видови капки за очи кои можете да ги користите и на своја рака, како на пример вештачките солзи.

Тие исто така ги редуцираат црвенилото и чешањето, а имаат и антивоспалителни својства. Потребно е само на фармацевтот да му објасните што ви се случува, за да може да ви го препорача производот кој ви е потребен. Исто така, не би било лошо и да се консултирате со вашиот лекар.

Применувајте дигитална хигиена

Животите и работата веќе премногу ни се врзани со мобилните телефони и компјутерите, но тоа не значи дека треба да дадете отказ и да го фрлите телефонот.

Наместо тоа, на секои 20 минути гледајте во далечина по 20 секунди. И секако, не заборавајте да трепкате, бидејќи на тој начин природно го стимулирате солзењето.

Погрижете се за исхраната

Ова не можете да го направите преку ноќ, туку потребно е да внесувате мали промени, за да ги намалите воспалителните процеси кои се случуваат во вашето тело. Потребно е да јадете повеќе антиоксиданси, како што се лисестиот зеленчук и цитрусните овошја, како и омега 3 масни киселини.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg