Што ќе ви се случи ако секој ден јадете лук?
Лукот е нешто што или го сакате или го мразите. Но, кој би рекол дека некои состојби може драстично да се променат, доколку го јадете секојдневно?
Остриот мирис не го тргаме од листата на негативности, но наспроти тоа, во продолжение се позитивните придобивки. Па, вие одлучете.
1. Лукот ги прави мажите попривлечни
Контрадикторно на она што го мислите, но ако јадете лук 12 часа пред состанокот, истражувањата тврдат дека жените ќе ве сметаат за попривлечни.
2. Лукот го подобрува имунитетот
Лукот може да ве заштити од вирусите и настинките, дури и вашите баби го знаат тоа, иако не им верувате. Сега и истражувањата ја потврдија оваа теорија, која вели дека во зима добро би било да го зголемите количеството на лук во храната.
3. Лукот го регулира крвниот притисок
А, заедно со нормализирањето на притисокот, ќе се намалат и главоболките, како и сите последици од стресното секојдневие. Се препорачуваат 4 чешниња лук дневно за најдобар ефект.
4. Лукот ја подобрува меморијата
Фармацевтите тврдат дека суплементите за подобра меморија може лесно да се заменат со неколку чешниња свеж лук.
5. Лукот ја подобрува издржливоста
Лукот ги тера вашите мускули да работат поефективно. Ако вежбате, тој ќе ги подобри резултатите.
6. Лукот го намалува опаѓањето на косата
Ова сигурно го знаете, бидејќи постојат шампони со лук против опаѓање на косата. Но, доколку го консумирате, ефектот е многу побрзо видлив.
7. Лукот ќе ви ги намали болките во забите
Со оглед на тоа што делува антибакериски и успешно се бори со габичните инфекции, лукот е одличен за орална хигиена. Го намалува ризикот од кариес, па ако редовно консумирате лук, поретко ќе имате потреба од посета на забар.
М. Д. | Црнобело