Ваши грешки и лоши навики поради кои сте подложни на настинки и вируси

Сигурни сме дека секој од вас прави сè што може за да се заштити од преладеност, вируси и грозница, но сепак, повторно страдате од нив.

vashi-greshki-i-loshi-naviki-poradi-koi-ste-podlozhni-na-nastinki-i-virusi-01.jpg

Вирозите најчесто почнуваат нагло, до пред две минути ви е добро, а сега веќе кашлате, кивате, носот ви е затнат, чувствувате дека температурата ви е покачена, уморни сте и ве боли главата.

Но, дали некогаш сте помислиле дека правите некоја грешка, поради која сите витамини и грижата за имунитетот паѓаат во вода?

Не ги миете темелно рацете

Миењето на рацете со топла вода и сапун е вашиот најдобар сојузник против бактериите. Најважно е рамномерно да нанесете сапун на секој прст и на крај убаво да го исплакнете со топла вода.

Ја ставате чантата на под

Нема ништо лошо во тоа, освен ако кога стигнете дома не ја оставите чантата во креветот или на кујнска површина. Најдобро е да избегнувате да ги спуштате своите чанти, торби и ранци на подот, бидејќи на тој начин на нив се лепат илјадници бактерии.

vashi-greshki-i-loshi-naviki-poradi-koi-ste-podlozhni-na-nastinki-i-virusi-02.jpg

Не ги дезинфицирате кваките дома

Колку и да одржувате чисто, дезинфекцијата на кваките треба да ви биде приоритет. Нив ги допираме и кога рацете ни се највалкани, а потоа таа нечистотија повторно си ја пренесуваме на кожата.

Ги носите чевлите низ дома

Сите валканици кои сте ги собрале надвор, на овој начин ги внесувате дома. А, размислете само што сè има по улиците и тротоарите каде се движите.

vashi-greshki-i-loshi-naviki-poradi-koi-ste-podlozhni-na-nastinki-i-virusi-03.jpg

Не го чистите мобилниот телефон

На мобилниот телефон се собираат многу нечистотии затоа што барем еднаш дневно го користиме со нечисти раце. Затоа и треба да го чистите секој ден со дезинфекциски марамчиња.

Не пиете јогурт

Пробиотиците во јогуртот се добри за балансот на цревната флора во вашето тело, а во јогуртот ги има доволно за да ја задоволат вашата дневна потреба.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg