5 супстанции кои предизвикуваат најголема зависност и нивното влијание врз мозокот
Кои супстанции предизвикуваат најмногу зависност? Прашањето звучи едноставно, но одговорот зависи од тоа кого прашувате.
Поради тоа не може да се даде одговор која е супстанцијата, но дефинитивно може да се рангираат пет од нив, кои според резултати од научни истражувања се покажале како најзависнички.
Зависноста зависи од многу фактори, меѓу кои и индивидуалниот, бидејќи секој организам различно реагира на супстанции и на некои се навлекува, а на други воопшто не ни покажува реакција.
Сепак, може да се состави листа од петте супстанци кои се најзависнички:
Хероин
Очекувано, хероинот се наоѓа на прво место на оваа листа, како дрога на која се „навлекуваат“ најголем број зависници. Овој опијат предизвикува лачење на допамин дури и до 200% поголемо од нивото кога телото не користи дрога.
Но, исто така е и опасна, па и смртоносна дрога, бидејќи доволна е сосема малку поголема доза од потребната за уживање, за телото да се предозира.
Кокаин
Кокаинот, поради начинот на кој се зема, директно реагира со мозокот и со допаминот. Тој предизвикува невообичаена мозочна активност, но предизвикува и трајни оштетувања на невроните.
Во светот се проценува дека има меѓу 14 и 20 милиони луѓе кои се уживатели на кокаин. Оваа дрога, заедно со крекот, можат да предизвикаат сериозни оштетувања, а 21% од оние кои ќе пробаат стануваат зависни.
Никотин
Никотинот е супстанција во тутунот кој го прави лесен за навлекување. Кога некој пуши цигара, никотинот веднаш се апсорбира преку белите дробови и пристигнува во мозокот.
Според СЗО, во светот има над една милијарда пушачи, а ако овој тренд продолжи, до 2030-та веќе ќе умираат по 8 милиони луѓе годишно, како последица на заболувањата кои ги предизвикува пушењето.
Барбитурати
Ова е група на лекови која се користи за третман на анксиозност и депресија, како и за побрзо заспивање. Барбитуратите интерферираат со хемиските сигнали во мозокот и привремено гаснат одредени центри. Во мали дози предизвикуваат еуфорија, а во големи, несаканите ефекти се далеку побројни.
Тие се лесно достапни со лекарски рецепти, иако трендовите наложуваат да бидат променети со посовремени лекови. Сепак и понатаму постојат корисници кои се целосно зависни од нив.
Алкохол
Ефектите кои алкохолот ги има врз нашето расположение ни се добро познати. Најмалку 22% од оние кои пијат алкохол регуларно, по кратко време ќе станат зависници.
Во 2012 починале 3 милиони луѓе како последица на штетите кои алкохолот ги прави во телото.
Е. Д. | Црнобело