6 нешта што треба да ги знаете за кандидата

Нашето тело е дом на многу микроорганизми, од кои дел функционираат во наша корист, но други, како што е кандидата, може да предизвика низа здравствени проблеми.

6-neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-kandidata--01.jpg

Ова може да се случи поради дисбаланс на ПХ-вредноста на организмот или пад на имунитет.

Кандидата може да ги „зафати“ синусите, носот, гастроинтестиналниот тракт, половите органи, мочен меур и т.н.

Најчест тип е Candida albicans, која сама по себе не е загрозувачка за здравјето но е многу непријатна за поднесување и лечење.

Затоа треба да бидете свесни за следниве факти:

Постојат повеќе причини зошто се намножува

Како причини зошто имате зголемена количина кандида во телото може да биде претераната консумација на шеќер, стресот, зголемени нивоа на естроген, како и одредени лекови, како што се кортикостероиди, антибиотици и комбинирани контрацептивни пилули.

Може да се појави и кај лицата кои се нетолерантни на глутен.

Може да доведе до акутни инфекции

Кандидата може да се појави во устата, во вагината и на кожата, особено во делови кои се почесто влажни, на пример препоните и пазувите.

Може да предизвика хронични здравствени проблеми

Дури и кога нема акутна инфекција, понекогаш може да се појави синдромот на зголемено намножување на кандидата. Во оваа состојба можни се вртоглавици, промени во расположение, проблеми со варење, дисбаланс на хормоните, желба за благо и мигрени, а во некои случаи и егзема.

6-neshta-shto-treba-da-gi-znaete-za-kandidata--02.jpg

Можете да се тестирате

Можете да направите тест на урина или на крв, за да проверите дали имате антитела против кандида, што би го докажал нејзиното присуство. Советувајте се со докторот за лечењето.

Поздравата исхрана ја намалува кандидата

Ако од исхраната ги исфрлите шеќерите и белото брашно, веќе сте на добар пат природно да се справите со кандидата. Фокусирајте се на зеленчук, протеини, здрави масти и природни масла.

Понекогаш е потребно да се лечи

Природниот пристап за изборување со кандидата не е секогаш доволен и често мора да се интервенира со антимикотици, односно лекови против габични инфекции.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg