Меган Фокс крадела шминки, Линдзи Лохан – накит: Славни личности кои патат од клептоманија
Многумина не ја гледаат клептоманијата како ментално нарушување, туку како уште една лоша навика, но всушност грешат.
Клептоманијата (за многумина позната како желба за крадење) е сериозно психолошко нарушување кое не ги заобиколува дури ни најбогатите.
Всушност, клептоманијата се карактеризира со проблеми со контрола на однесувањето и емоциите, и е нешто многу повеќе од само обично крадење.
Тоа е состојба која е предизвикана од потребата и интензивната желба да се поседува нешто, независно од вредноста.
Доколку не се третира, може да предизвика емоционална болка и проблеми, па повеќе треба да се гледа како сериозен ментален проблем, отколку како криминал.
Постојат гласини дека неколку славни личности пателе од клептоманија, кои биле уловени како крадат, а мора да признаеме дека нема ништо почудно од тоа милионер да краде лажица од ресторан или сјај за усни.
Погледнете кои ѕвезди биле фатени на дело како крадат:
Меган Фокс
Тешко е да се замисли како актерката краде од продавница или ресторани, но холивудската убавица е фатена неколку пати како краде.
На Меган доживотно ѝ е забранет влез во Walmart заради крадење на сјај за усни кој вредел 7 долари.
Бритни Спирс
Контроверзната пејачка многупати се нашла во медиумите од погрешни причини, а неколку пати била вклучена во ситни кражби.
Таа еднаш си облекла топ во бутик и излегла со него, украла запалка на бензинска станица, па дури и перика од секс продавница.
Линдзи Лохан
Клептоманијата ја натерала и Лохан да биде вклучена во неколку кражби, а еднаш таа била фатена на камера како краде накит вреден 2.500 долари, а многупати ѝ се случило да излезе од бутици со облечена облека, чевли или накит на неа без да ги плати.
Винона Рајдер
Таа била обвинета за кражба на облека и модни додатоци во вредност од 5.000 долари и не поминала неказнето.
М. М. | Црнобело