Може ли алкохолот да биде причина за мигренозни главоболки?

Личност која страда од мигрени има многу проблеми - не поднесува премногу топло, ниту пак ладно, не јаде одредени видови храна, мрази одредени мириси и често не може да поднесе алкохол.

mozhe-li-alkoholot-da-bide-prichina-za-migrenozni-glavobolki-01.jpg

Мигрените се тип на главоболка кој и покрај напредната медицина, остануваат голема мистерија. Познати се голем број тригери за оваа состојба, но точната причина поради која воопшто постојат уште никој не може да ја лоцира.

Алкохолните пијалаци, во кои умерено уживате, може да бидат едни од причинителите на вашата ужасна болка. Точно, можеби досега не најдовте никаква поврзаност, но добро е да знаете дека дури и една чаша добро мерло, може да биде една од причините зошто неколку часа подоцна сакате да си излезете од кожата од болки.

mozhe-li-alkoholot-da-bide-prichina-za-migrenozni-glavobolki-03.jpg

Во одредени истражувања апстиненцијата од алкохол покажала намалување на бројот на мигренозни напади на годишно ниво. Исто така, многумина прекинале да пијат алкохол, дури и за наздравување, само поради мигрените. Пивото и црното вино се меѓу најпознатите причинители на мигрени.

Иако знаеме дека во овој период од годината навистина е тешко да се одолее на една чаша добар пијалак, доколку сметате дека таа може да ви предизвика неподнослива мигрена, подобро одбијте ја и заменете ја со нешто безалкохолно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg