6 работи на кои треба да внимавате при туширањето
Кој би рекол дека нешто толку секојдневно и рутинско сè уште крие некакви тајни од вас, кои треба да ги научите?
Некои од нас се тушираат дури и по двапати во текот на денот, а начинот на кој тоа го прават можеби и не е најоптимален за општото здравје. Верувале или не, постои правилен начин како да го правите и тоа.
Ова се неколку тајни за туширањето кои задолжително треба да ги знаете:
Не треба да миете сè на секое туширање
Вашето тело останува чисто подолго отколку што мислите дека е. Ако се туширате секојдневно, некогаш е доволно само со благ сапун да ја отстраните видливата нечистотија, а сите делови од телото внимателно да ги миете на неколку дена.
Прежешката вода ја оштетува кожата
Особено кога надвор е ладно, не можете да одолеете на топлиот туш и пријатното чувство. Но, имајте контрола и со ова, бидејќи лесно можете да ја „попарите“ кожата и да си нанесете благи изгореници кои потоа ќе создадат непријатно чувство.
Парфимираната козметика ја иритира кожата
Нема кој не може да одолее на мирисливите гелови за туширање и купки, но не по цена на иритации на кожата, алергиски реакции или дерматитис.
Мачкајте се со хидратантен лосион
После секое туширање, потребно е да нанесете хидратантен лосион за тело, за да ја вратите влажноста на кожата и да го стимулирате природното навлажнување. Оставете само неколку капки вода неизбришани пред да се намачкате.
Внимавајте на инфекции
Тушот кој го користите само вие или со членовите од најблиското семејство нема опасности за вас. Но, секогаш кога имате повеќе гости или кога сте вие некаде на гости, најдобро е да носите гумени влечки на нозете, за да не стоите директно врз плочките. Некои кожни и бактериски инфекции „преживуваат“ дури и во најчистите туш-кабини.
Сапунот е похидратантен од гелот за туширање
Геловите, пените и кремовите за туширање можат да ја исушат кожата. Ако не сакате да се туширате со сапун, избирајте ги овие производи повнимателно и обрнете внимание на состојките во нив.
Е. Д. | Црнобело