Пијалаци со ѓумбир наместо кафе наутро и како тоа ќе ви го промени животот?
Луѓето се опседнати со кафето и неговиот ефект врз будењето на организмот. Некои сакаат чисто турско, други двојно епсресо, па макијато, капучино или кремасто фрапе.
Но, ако сакате поздрава варијанта, наместо кафе, наутро можете да пиете напивки со ѓумбир. Тоа може да биде чај, смути или да го додавате во сок.
Промената е видлива по кратко време, а во рок од само една година, ќе почувствувате и здравствени бенефити.
Со додавање на ѓумбир во првата утринска напивка, ќе забележите:
Повеќе енергија, без нагли падови на истата
Кафето ви дава наплив на енергија, но по кратко време имате голем пад. Утринскиот пијалак со ѓумбир ќе ве „држи“ подолго од тоа.
Подобар имунитет
Ѓумбирот е познат како одличен сојузник против настинките. Доколку го имате редовно во своето мени, помалку ќе страдате од настинки и вирусни сезонски заболувања.
Подобро варење
Ѓумбирот го смирува иритираниот стомак. За разлика од него, кафето може уште толку да го „вознемири“. Ќе забележите дека се подобрува и варењето на храната во вашето тело.
Подобар сон
Кафето може да го наруши вашиот природен циклус на спиење, но ѓумбирот никогаш нема да го направи тоа.
Важно: Во текот на денот испијте напивка со ѓумбир само еднаш, најдобро наутро. Не претерувајте со количината.
Е. Д. | Црнобело