Совети од момче чија девојка страда од анксиозност и панични напади: Што треба да правите во такви ситуации?
Недостатокот на информации и табуизирањето на менталните болести прави луѓето генерално да ги избегнуваат личностите кои страдаат.
Тоа се должи на многуте митови и недоволното образование во овој поглед. Но, за среќа има и такви кои се отворени да научат и да помогнат на оној кој има потреба од помош.
На Imgur едно момче го сподели своето искуство, што го стекнал со девојката која страдала од анксиозност и панични напади.
Еве што тој споделува со останатите:
1. Не пробувајте да ги прегрнете. На мојата девојка ѝ беше потребно долго време да се навикне да биде гушкана за да се смири. Претходно прегратките правеа да се чувствува заробено.
2. Само затоа што не ви одговараат, не значи дека ве игнорираат. Едноставно, во тој момент не сакаат или не можат да зборуваат. Не ги напаѓајте, бидејќи ги повредувате. Ако сакате да кажете нешто, пристапете мирно.
3. Дишете гласно. Многу е веројатно дека нема да сакаат да им се приближите, но ако успеете да дишете гласно ќе им помогнете да ви се синхронизира ритамот на дишење. Тоа му доаѓа исто како прегратка, но без контактот.
4. Со рацете симулирајте го ритамот на дишење, за и визуелно да им помогнете во смирувањето.
5. Кажете им дека сè е во ред и дека треба да се смират. Во тој момент можеби и можете да ги погалите или да ги држите за рака.
6. Некогаш тие седнуваат на земја или во аголот на собата. Седнете и вие покрај нив, без да им влегувате во личниот простор, но да им дадете до знаење дека сте тука.
7. Не им се лутете. Панични напади може да се случат и при најбанална причина. Научете ја личноста покрај себе и развијте уникатна стратегија за надминување на овие проблеми и напади.