7 начини да го забавите стареењето

Сите посакуваме да останеме млади што е можно подолго, поради нашето здравје, но и поради нашиот изглед.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-01.jpg

Еден научен тим тестирал околу 1.000 учеснички кои биле во своите доцни 30-ти и открил дека некои од нив биле фит како кога имале 20 години, додека други, пак, имале здравствени проблеми кои ја погодувале постарата популација.

Спрема студиите, генетиката влијае околу 20% на тоа како луѓето стареат, додека околината и начинот на живот се фактори кои играат многу поголема улога.

Еве што е потребно за останете младолики, по препораките на експертите:

Додајте повеќе витамини во вашата исхрана

Антиоксидансите ги спречуваат слободните радикали предизвикани од сонцето или пушењето да ги оштетат ќелиите во вашето тело. Можете да користите крема за лице со антиоксиданси, но исто така може да ги земате и орално.

Најмоќни антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење се селенот, витаминот Е и витаминот Ц.

Вклучете го рибиното масло, како и други антивоспалителни суплементи во вашата исхрана. Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини кои се одлични за одржување на младешкиот изглед на кожата.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-03.jpg

Поминете 15 минути на сонце

Иако денес женските магазини ве убедуваат дека не смеете да бидете без крема за сончање на лицето дури ни во текот на зимските денови, сепак здружението за истражување на ракот во Велика Британија предлага да поминете секој ден околу пладне на сонце околу 15 минути без користење на крема за сончање.

Тоа ќе ви помогне да добиете доволно витамин Д, без притоа да сте во ризик од добивање рак на кожата.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-04.png

Вежбајте го мозокот

Вежбањето е важно, но не заборавајте да го тренирате и својот мозок. Читајте книги, учете странски јазици и играјте игри кои вклучуваат ментална активност. Кога мозокот активно работи, се забавува процесот на стареење.

Едни неодамнешни истражувања покажале дека учењето го зголемува бројот на неврони, што му помага на мозокот подолго време да остане млад.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-05.jpeg

Јадете помалку, живејте подолго

Рестрикцијата на калории, која во суштина значи помалку внесување на храна, без да се прегладнувате, може да го забави човечкиот метаболизам и да ви помогне да останете млади подолго време.

Избегнувајте преработена храна затоа што фосфатите кои се додаваат во тие производи го забрзуваат процесот на стареење.

Внесувајте храна која го забавува стареењето како што е боровницата, црната чоколада, јаткастите плодови, смоквите, лососот, авокадото, куркумата итн.

На тој начин ќе го намалите ризикот од срцеви болести, ќе ги заштитите кожата и видот, ќе ја подобрите когнитивната функција и ќе го подобрите здравјето на цревата.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-06.jpg

Префрлете се на природна козметика

Обидете се помалку да се шминкате затоа што парабените (конзерванси кои се додаваат во козметиката) го нарушуваат нивото на естроген, па доаѓа до предвремено стареење.

Свртете се кон природната козметика. Ако сте зависник од шминки и не можете помалку да се шминкате, тогаш редовно чистете го лицето секој ден.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-08.jpg

Почесто танцувајте

Една ново истражување покажа дека танцот е една од најефикасните активности која влијае позитивно врз процесот на стареење.

Танцот, особено со редовна промена на кореографијата ја подобрува работата на хипокампусот и ви помага да го забавите стареењето.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-07.jpg

Одете на спиење еден час порано

Многу е важно да имате режим на спиење кој ви одговара. Eкспертите велат дека спиењето помеѓу 23 и 3 часот по полноќ е одговорно за исхраната и регенерацијата, па затоа е важно да се оди на спиење во 23 или порано. Идеално е да се спие 7-8 часа секоја ноќ.

Хроничниот недостаток на сон влијае не само на тоа како се чувствувате, туку и како изгледате.

Едно истражување покажало дека луѓето кои обично спиеле помалку од 7 часа и потоа почнале да одат во кревет еден час порано, имале позитивни промени во крвниот притисок. Така го намалиле ризикот од мозочен и срцев удар.

7-nachini-kako-da-go-zabavite-stareenjeto-02.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg