5 можни причини заради кои контрацептивните пилули не делуваат

Во лабораториски услови, ефикасноста на контрацептивните пилули изнесува импресивни 99,7 проценти. Но, во реалноста, тој процент може да се намали поради одредени фактори.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-01.jpg

Анализирајќи кои навики може да штетат на ефикасноста на контрацептивните пилули, дојдено е до заклучок дека постојат 5 главни:

1. Непридржување кон строгиот распоред

Ова е најчестиот фактор за неефикасност на пилулите, бидејќи имаат улога да ги регулираат хормоните. Дури и пропуштањето на една пилула може да доведе до значителни промени на нивото на естроген и прогестерон во телото.

За да се заштитите, следен пат кога ќе пропуштите да се напиете пилула, користете друг тип на контрацепција.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-02.jpg

2. Погрешно време на консумирање

Важно е да ги земате пилулите во точно време секој ден, ако сакате максимална заштита.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-03.jpg

3. Комбинирање со други апчиња

Според истражувањата, апчињата за лекување на други болести, како и апчињата за смирување и подобар сон, значително може да ја намалат ефективноста на контрацептивните пилули.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-04.jpg

4. Воспаленија на цревата

Било какви воспаленија на цревата или проблеми со варењето на храната може да ја отежнат апсорпцијата на медицинските супстанци, а тоа за жал, важи и за пилулите за контрацепција.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-05.jpg

5. Драстични промени на температурата во која ги чувате пилулите

Пилулите не смеат да бидат на места кои се претопли или на места каде температурата драстично се менува. Идеално би било доколку постојано ги чувате на свежо место, на температура под 25 степени.

5-mozni-pricini-zaradi-koi-kontraceptivnite-piluli-ne-deluvaat-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg