Здравствени проблеми кои може да се решат ако не ги игнорирате знаците на телото
Многупати, кога на телото му недостасува нешто, испраќа знаци, кои повеќето ги игнорираат и ги препишуваат на нешто друго.
Многу често, не забележувате кога ви недостасуваат одредени витамини, минерални и други важни супстанци, со кои може да си ги решите проблемите кои се резултат на сигнализација на телото.
Па така, ги игнорирате знаците кои телото ви ги испраќа кога има недостаток на магнезиум, калциум или фолна киселина (витамин Б9), која е неопходна за крвта, како и правилното снабдување со кислород.
Многу често, овие знаци не може да се препознаат одеднаш и може да се работи за исти симптоми како за нешто друго, но доколку забележите неколку од нив, време е да се посомневате.
Во продолжение, погледнете кои се симптомите за недостаток од фолна киселина во телото:
Когнитивни нарушувања – проблеми со меморија, концентрација, депресија
Болки во телото – глава, гради, нозе
Бледа кожа
Брзо заморување, вртоглавица и губење воздух од активности кои претходно не биле проблем
Дигестивни проблеми, повраќање, дијареа
Чирови во уста, отечен или вцрвенет јазик
Влошување на перцепцијата за вкус
Како да го зголемите нивото на фолна киселина?
Најлесно овој проблем може да се реши со правилна исхрана богата со фолна киселина (витамин Б9). За да го одржувате соодветното ниво, мора да јадете повеќе темно зелен зеленчук, како брокула, прокељ, спанаќ и аспарагус.
Би било одлично редовно да консумирате овошје, зрнеста храна, печурки и леб од цело зрно пченица.
Доколку ги забележите сите овие симптоми и се храните правилно, не значи дека сигурно ова е проблемот и би било добро да се консултирате со лекар за да направите проверка.
М. М. | Црнобело